Македонија
Обвинителство: Нема место за кривичен прогон за неправилности во функционирањето на вториот пензиски столб
Основното јавно обвинителство Скопје одлучи дека нема место за јавнообвинителско постапување во поглед на кривичната пријава поднесена од Министерството за труд и социјална политика, а во врска со евентуални неправилности во функционирањето на вториот пензиски столб.
Кривичната пријава поднесена против непознат сторител се однесуваше на кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување. Во неа се наведуваше дека во период од 2006 година не се вршени распределби на осигуреници кои ги исполнувале законските услови за членство во капитално финансирано пензиско осигурување според законски дефинирани услови, односно Втор пензиски фонд. Пријавителот, МТСП, наведува и дека во подготвениот извештај од извршена детална анализа подготвена од консултант од Светска банка, а по барање на МТСП, констатирани се сериозни недостатоци. Се наведува дека постојат 12.000 осигуреници кои се опфатени во систем на задолжително пензиско осигурување, а не се евидентирани како членови на приватните пензиски друштва. Истовремено за нив, делот од 6% од придонесите не е трансфериран во приватно пензиско друштво.
Постапувајќи по поднесената кривична пријава, Основното јавно обвинителство Скопје презеде дејствија со кои изврши сеопфатно истражување на наводите, прибирајќи ги сите материјални и вербални докази.
„За појаснување на поднесената пријава беа повикани претставници од Министерството за труд и социјална политика. Во дадената изјава беше појаснето дека подносителот како единствен доказ го има приложениот извештај. Како причина за настанатото, по нивна оценка наведоа објективни слабости во системот, при што не наведоа имиња на лица кои би биле инволвирани во евентуално сторување кривично дело. Беше истакнато дека поради сомневањата министерството иницирало формирање посебна комисија за вршење надзор над предмети во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија. Но, дека од страна на комисијата не е доставен извештај од извршен надзор. Составен дел од наводите на подносителот на кривичната пријава е дека штетата по буџетот на Република Северна Македонија е всушност во фактот дека овие средства во одреден период не се оплодувале и не се внесувале во буџетот на РСМ“, соопштија од скопското обвинителство.
Обвинителството ги испитало директорот и вработени лица во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Во нивните искази потенцирале дека не постои неевидентиран осигуреник, но прераспределбата на дел од нив во вториот столб не била извршена навреме поради проблем со софтверот.
Во однос на средствата кои требало да бидат распределени во вториот столб појасниле дека тие пари се на сметката на фондот и иако не биле префрлени – не може да се користат за други намени освен за пензиите.
Испитани биле и претставници на МАПАС – Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување како орган што ги контролира и заштитува интересите на осигурениците. Испитаните појасниле дека МАПАС имал сознанија дека во определен период не се уплаќани придонеси на осигуреници во приватните пензиски столбови, дека е можно да постои штета, но само во однос на приносот кој би го оствариле доколку нивните приноси биле капитализирани. МАПАС не биле известен за неправилности во пензискиот фонд од страна на други државни институции, а од контролите кои редовно ги вршеле никогаш не произлегла каква било неправилност. Повиканите одговорни лица од МАПАС потврдиле дека состојбата со осигурениците во приватните пензиски друштва е во ред и е во согласност со законските прописи.
Надлежен јавен обвинител ги испита и одговорните лица од двата пензиски столба кои истакнале дека немаат сознанија за наведената бројка на нераспределени осигуреници, а во однос на паричните средства истакнаа дека истите ќе бидат надоместени и се надоместуваат од Буџетот. Со тоа, нивните членови осигуреници ќе го добијат соодветниот надоместок за изгубениот принос со што нема да бидат оштетени.
При вршење на распит на претставници од Министерството за финансии, повиканите лица потврдиле дека во Министерството за финансии не е забележано ненаменско трошење средства или, пак, дека некои средства се одлеваат, односно дека не е констатирана штета на буџетот на Република Северна Македонија.
По барање на Основното јавно обвинителство Скопје од страна на Државниот завод за ревизија доставен е Конечен извештај за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2015 и 2016 година за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија. Во извештајот се забележани состојби на нецелосна усогласеност во работењето на фондот во процесот на остварување на правата од пензиско инвалидско осигурување, поради што е можна исплата на корисник на пензија и по истекот на законски утврденото право, а за што се дадени и препораки во делот за подобро ажурирање на процедурите за исплата на пензии.
„По сознанијата и доказите кои беа собрани и преземени од Основното јавно обвинителство Скопје не се дојде до степен на основи на сомнение дека конкретно службено лице со искористување на својата службена положба или овластување, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност прибавило за себе или за друг некаква корист или нанело штета. Од горенаведените причини, надлежниот јавен обвинител ја донесе јавнообвинителската одлука по поднесената кривична пријава ценејќи дека нема место за јавнообвинителска интервенција“, соопштија од обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Играта е право: Нова иницијатива за проширување на учењето преку игра
За време на посетата на градинката „Младост-Риниа“ во Тетово, Министерството за социјална политика, демографија и млади, УНИЦЕФ и партнерите го означија почетокот на новата иницијатива „Учење преку игра и образование во раното детство“ во насока на промовирање интегрирани пристапи кон играта во раното детство.
Иницијативата, поддржана од Stiftung Kinderförderung von Playmobil (Фондација Плејмобил) е дел од пошироката програма на УНИЦЕФ за унапредување на развојот во раното детство. Програмата има за цел да обезбеди сите деца, без разлика на нивното потекло или околности, да имаат континуирани можности за развој и учење преку игра.
Со цел пристапите на учење преку игра да станат суштински дел од раното детско образование, иницијативата вклучува поддршка за развој на нова програма за образование во раното детство и ревидирање на националните стандарди за рано учење и развој.
„Инвестирањето во раниот детски развој е инвестирање во иднината на нашето општество. Играта е јазикот на децата – преку неа тие учат, растат и се подготвуваат за живот“, изјави Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади.
Како дел од иницијативата „Учење преку игра и образование во раното детство“, Фондацијата Плејмобил донираше и над 9.000 сетови за игра на УНИЦЕФ. Овие сетови се распределени во сите јавни градинки и други установи за згрижување деца. Тие се користат за да им се помогне на децата да учат на забавен и интересен начин за здравата исхрана, рециклирањето, заштитата на животната средина и рамноправноста помеѓу момчињата и девојчињата.
„Играта има суштинско значење за учењето, здравјето и отпорноста на децата,“ изјави Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ. „Од најраните денови од животот, интеракциите преку игра го стимулираат развојот на мозокот и помагаат да се изградат сигурни емоционални врски. За децата од предучилишна возраст, играта претставува можност да ги истражат своите способности, да ја негуваат љубопитноста, да изградат самодоверба и да ги постават темелите за доживотното учење.“
И покрај овие придобивки, значењето на учењето преку игра недоволно се препознава во Северна Македонија. Податоците покажуваат дека 57% од мајките и само 5% од татковците учествуваат во активности на учење преку игра со своите деца на возраст од 3–4 години.
За да се надмине овој јаз,иницијативата ќе обезбеди и поддршка за родителите и старателите преку градење на капацитетите на патронажните сестри и проширување на апликацијата за родителство „Bebbo“ со информации, ресурси и стратегии за вклучување на играта во секојдневниот живот.
„Со задоволство го поддржуваме овој вреден проект, и преку донација и преку Плејмобил материјали“, изјавија Андреа Мерингер и Флоријан Лефлер, членови на Управниот одбор на Фондацијата. „Со интерес ќе го следиме не само развојот на наставната програма, туку и како ќе се прошируваат можностите за учење и развој преку игра.“
Со поддршка на стручните работници и семејствата, иницијативата „Учење преку игра и образование во раното детство“ има за цел да обезбеди секое дете да има можност да расте, учи и напредува преку моќта на играта.
Македонија
Градоначалничката Трајкоска заедно со сопругата на Мицкоски и пратеничката Пешевска се дружеа со децата со церебрална парализа во населбата Расадник
Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со сопругата на премиерот Рози Мицкоска и пратеничката Жаклина Пешевска, денеска остварија предновогодишна посета на Клубот за деца со церебрална парализа во населбата Расадник.
Во празнична и топла атмосфера, тие се дружеа со децата, учествуваа во новогодишната забава, заеднички ја китеа елката и пееја, а на децата им беа поделени и новогодишни пакетчиња. Притоа беше истакната важноста од континуирана поддршка за децата со церебрална парализа и нивните семејства.
„Имав чест и голема радост да бидам дел од една навистина посебна празнична атмосфера. Искрената радост и насмевките на децата се најголема потврда дека ваквите средби значат многу и се неопходни“, изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.
Таа нагласи дека грижата за овие деца мора да биде постојана и суштинска, додавајќи дека заедницата е силна онолку колку што обезбедува еднакви можности за сите, особено за оние на кои поддршката им е најпотребна.
„Ќе продолжиме со несебична поддршка. Овие деца и нивните семејства секогаш ќе имаат партнер во нас“, порача Стаменкоска Трајкоска.
Македонија
Мицкоски: Според ДЗС за 7.000 граѓани е зголемена вработеноста во третиот квартал, споредбено со лани
Третиот квартал оваа година, споредено со третиот квартал минатата година, има седум илјади и повеќе вработени на сметка на седум илјади помалку невработени. Односно, ако во третиот квартал минатата година имало околу 698 илјади вработени, сега има 705 илјади. Минатата година, во третиот квартал, имало 98.000 невработени, а сега има 91.000, што значи дека бројот на вработени и невработени пропорционално се зголемува односно намалува, одговори на новинарско прашање претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, осврнувајќи се на најновите податоци од Државниот завод за статистика, во врска со информација за движењето на невработеноста.
Премиерот Мицкоски се осврна и на трендот што голем број иселени македонски граѓани одлучуваат да се вратат во државата и тука да отпочнат свој бизнис.
„Охрабрува трендот што голем број од македонските граѓани, последните десет години поради состојбата која што беше во државата кои што одлучија да заминат, полека се враќаат. Голем дел од луѓето кои што тогаш заминаа, еве остваруваат контакти со мене или со голем дел со институциите во Владата и одлучуваат да се вратат и повторно тука да го продолжат својот живот, што исто така е охрабрувачки тренд. Тоа значи дека ќе се зголемува бројот на вработени, ќе се зголемува бројот на луѓе кои што ќе отпочнат свој бизнис или пак ќе најдат начин како да работат тука, дома, наместо некаде надвор, бидејќи и таму, гледате, состојбата каква е, со многу проблеми, обременета. Така што тоа е тренд кој што охрабрува, и јас сум уверен дека тој тренд ќе продолжи. Така што овој параметар е добар и охрабрувачки“, изјави премиерот.
Фото: Unplash

