Контакт

Македонија

Земјава издвојува најмалку финансиски средства за правна помош

Објавено пред

Денеска, се одржа јавна промоција на ​проект за правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела, имплементиран од страна на Македонското здружение на младите правници (МЗМП) во партнерство со СОС Детското село – Македонија. Главната цел на овој проект е да се подобри пристапот до правда за жртвите на насилни кривични дела преку воспоставување национален сервис за правна и психосоцијална поддршка. Специфични целни групи за сервисот за поддршка на жртви на насилни кривични дела се: деца, лица со попреченост, постари лица и жени.

dobivaj vesti na viber

На настанот се обратија претседателот на Македонското здружение на младите правници, Зоран Дранговски, националната директорка на СОС Детското село – Македонија, Јулијана Накова-Гапо, заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски, претставникот на Делегацијата на ЕУ во земјата, Фреек Јанмаат, и проектниот менаџер Светлана Црвенковска.

Претседателот на Македонското здружение на младите правници, Зоран Дранговски, посочи дека општеството, единствено може да напредува доколку сите негови фактори напредуваат рамномерно и наша должност е да обезбедиме дека никој нема да се почувствува сам на овој пат. Тој порача дека за здружението е важно да ги идентификува жртвите на насилни кривични дела, да ги зајакне преку правната заштита и да им овозможи да чекорат заедно со другите.

„Својот придонес и влог СОС Детското село ќе го овозможи преку ставање на располагање на своите ресурси, искуства и ангажирање советници за психосоцијална поддршка, кои во соработка со проектниот тим и МЗМП ќе придонесат кон остварување на специфичната цел, која се однесува на овозможување психосоцијална поддршка на жртвите, односно да се овозможи интервентна помош и поддршка во моментот кога им е најпотребна, а тоа се децата, лицата со попреченост, жените, постари лица и др., кои се жртви на разни видови насилство, со цел да се справат со тоа и со последиците од насилството врз нивното психофизичко и социјално здравје“, дополни националната директорка на СОС Детското село – Македонија, Јулијана Накова-Гапо.

Министерството за правда постојано се заложува за подобрување на системот за поддршка на жртви на насилни кривични дела, рече заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски. Тој истакна дека Министерството во изминатиот период работело на измени и дополнувања на неколку закони кои може да помогнат во обезбедување подобра заштита за жртвите притоа нагласувајќи ги Законот за кривичната постапка, Кривичниот законик, Законот за правда за децата, но и носењето на новиот закон за бесплатна правна помош. Од особена важност е и подготовката на законот за надоместок на жртвите од кривични дела како еден од приоритетите на Министерството и нагласи дека тој ќе биде реализиран до крајот на тековната година.

Фреек Јанмаат, претставник на Делегацијата на ЕУ во РСМ, упати дека правото на правна помош е важно и признаено во многу меѓународни документи и законодавството на ЕУ. Република Северна Македонија е една од земјите членки на Советот на Европа, која издвојува најмалку финансиски средства за правна помош и дека тоа во иднина би требало да се промени. Сепак, добро е што земјата покажува постојана определба за унапредување на правниот систем. Се очекува дека тековната реформа на правниот систем и напорите на Министерството за правда, факторите од правосудството и граѓанскиот сектор, како и овој проект, ќе обезбедат побрз, полесен и подобар пристап до правда и ќе ги поддржат жртвите на насилни кривични дела кон кои треба да се однесуваме со почит.

Координаторот на проектот, г-ѓа Светлана Црвенковска, подетаљно ги изнесе целите, активностите и очекуваните резултати од проектот. Притоа посочи дека најважна е соработката на сите фактори во системот за заштита на жртви на насилни кривични дела кои треба во фокус да ја стават самата жртва и да ѝ обезбедат целосна заштита, правна помош и психосоцијална поддршка, безбедна средина и нормален живот по завршувањето на правните постапки.

Проектот за поддршка на жртви на насилни кривични дела е финансиран од Европската Унија преку Министерството за финансии.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија

Објавено пред

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7

dobivaj vesti na viber

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.

Прикажи повеќе...

Македонија

Земјотрес во Охрид

Објавено пред

Од

Земјотрес со епицентар во Грција е почувствуван во Охрид и околината, вечерва во 19 и 50 часот.

dobivaj vesti na viber

„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.

Прикажи повеќе...

Македонија

Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот

Објавено пред

Од

Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.

dobivaj vesti na viber

„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.

Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.

„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.

Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.

Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.

Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...

Македонија11 часа

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој престојува во работна посета на Вашингтон, САД, денеска се обрати на Форумот за безбедност...

Македонија12 часа

Алиу истражува, но се сомнева дека ќе најде податоци за извозот на мозоци: Истечени се сите рокови за архивирање на документите

Стариот закон ги обврзува институциите да ги чуваат документите за извоз на мозоците како биолошки материјал 15 години, а новиот,...

Македонија13 часа

За да нема операции со врски Алиу воведе нов електронски систем: болниците лани направиле 34.862 операции кои не ги завеле во „Мој термин“

Министерот за здравство Азир Алиу денес промовираше електронски систем за евиденција на операциите во сите јавни здравствени установи во земјава....

Македонија16 часа

По протестите за „Безбеден град“, Мицкоски најави жесток одговор за секој кој го прекршил законот

Премиерот Христијан Мицкоски побарал да биде санкциониран секој што јавно упатувал закани и го загрозувал мирот и безбедноста, по вчерашните...

Македонија16 часа

Мицкоски: Да почекаме истрагата да даде одговор за наводите за транспортирани мозоци

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема јавно да коментира додека не се добијат поконкретни информации во врска со објавите дека...

Македонија17 часа

Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови, значајно придонесува и кај други видови рак

По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потсетуваат дека пушењето претставува...

Македонија17 часа

По заканите кон новинарот Видиновски, Обвинителството оформи предмет

Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, Јавното...

Македонија17 часа

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради...

Македонија19 часа

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која...

Македонија19 часа

Се откри театарот на Трендафилов нарачан од СДС и Левица, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Излезе на површина несериозноста, неодговорноста и поигрувањето на Слободан Трендафилов со чувствата и иднината на работниците, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Откако...

Свет21 час

Поранешната сопруга на Бил Гејтс: Тоа што е во досиејата на Епстин ме потсетува на болни времиња

Милијардерката и филантроп Мелинда Френч Гејтс изјави дека споменувањето на нејзиниот поранешен сопруг Бил Гејтс во новите документи поврзани со...

Свет22 часа

Преписка помеѓу Епстин и бизнисмен од Емиратите: „Одам да пробам свежа Русинка на јахта“

Нови документи објавени од Министерството за правда на САД открија бизарни и шокантни детали за блиската врска помеѓу Султан Ахмед...

Свет22 часа

(Видео) Трамп: Путин го одржа ветувањето да ги запре нападите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал рускиот претседател Владимир Путин да „ја заврши војната“ во Украина, но исто...

Свет22 часа

(Видео) Зеленски: Чекаме реакција на Америка на новите руски напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина чека реакција од САД на ноќните напади на Русија врз градови низ...

Македонија2 дена

Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ,...

Македонија2 дена

Во вторник ССМ ќе ги блокира пратениците, во четврток газдите, а на 17 февруари Владата: ќе мора пешки да поминат пред работниците

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на...

Македонија2 дена

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија2 дена

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион2 дена

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...