Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Обвинението за 27 април е неосновано и правно неиздржано

„Република Македонија доживува крах на сите полиња. Неуспехот на Владата на СДСМ кулминира со недобивањето на датумот за преговори, кој Зоран Заев го прославуваше уште лани. СДСМ и Зоран Заев во очај продолжуваат да ја покриваат неспособноста со политички прогон, селективна правда и демонстрирање сила кон сите политички противници“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, поведеното обвинение за случајот со собраниските настани од 27 април е целосно неосновано, правно неиздржано и класична монтирана нарачка од Зоран Заев, со што треба да се направи дефокус од неуспесите и коруптивните скандали на Владата.
„Зоран Заев е свесен дека државата тоне и владиниот криминал се покрива преку монтирани политички случаи, каде што се гонат членови на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ и Заев се свесни за крајот на нивните политички кариери. СДСМ и Заев еден ден ќе одговараат за политичкиот прогон што го прават“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).