Македонија
Maјката на Пино: Ќе барам правда, убијците треба да добијат доживотен затвор
Мајката на убиениот Пино Секондо, кој со месеци претходно се водеше за исчезнат, преку статус на „Фејсбук“ се обрати кон јавноста, заблагодарувајќим им на сите за поддршката.
Таа напиша дека ќе бара правда за нејзиното дете и очекува двајцата убијци да добијат доживотен затвор.
„Благодариме на сите за подршката. Тешко е верувајте ми, многу тешко. Мојата битка продолжува, сега БАРАМ ПРАВДА ЗА МОЕТО ДЕТЕ!!! ОРОСПИАТА АНГЕЛА ЃЕОРГИЕВСКА СО НЕЈЗИНИОТ ПОМОШНИК ШТО ГО ИМААТ УБИЕНО МОЕТО ДЕТЕ ДА ДОБИАТ НАЈ ГОЛЕМА КАЗНА! ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР!!! Да скапат во затвор! Детето ми го убиле и го сокриле за животни да ми го распарчат! Курво една, бел ден да не видиш ни ти ни твојот помошник ни твојата фамилиа!!! Ороспиа! Ѓавол!!! Проклета да бидеш додека ке имаш душа во тебе!!!“, напиша мајката на Пино.
Трпковска и претходно обвинуваше дека девојката на нејзиниот син Ангела била вмешана во случајот. Вчера МВР јави дека момчето било убиено. Неговото тело е најдено во атарот на селото Љуботен пред еден месец, но сега бил утврден неговиот идентитет.
МВР поднесе кривична пријава против две лица за кои се верува дека стојат зад убиството. Обвинителството побара притвор за 27 годишен жител на Скопје, кој се дал во бегство. Дваесет и две годишната осомничена девојка вчера била приведена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

