Македонија
Пировска:Владата да ја врати довербата на граѓаните во администрацијата
На вториот панел дискусија од Форумот посветен на Две години Влада – Одговорно пред граѓаните се дебатираше за фокусот и приоритетите на Владата до крајот на мандатот за периодот 2019-2020. Овој панел беше отворен со воведно обраќање на премиерот Заев, а потоа во дебатата се вклучија и новинарот, Томислав Кежаровски, универзитетската професорка, Беса Арифи, граѓанска активистка и претседателка на НВО Амбрела, Љатифа Шиковска, директорката на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска и извршниот директор на ЦИВИЛ, Џабир Дерала како модератор на вториот панел дискусија.
„Отвараме важно поглавје, а тоа е иднината пред нас, за децата, за идните поколенија. Сѐ што направивме на надворешен план е заради иднината, економијата и јакнење на институциите. Направивме редослед на активности кои треба да бидат чекор по чекор реализирани за да направиме квантни чекори напред. Јас бев еден од оние кои им се придружија на граѓанските организации кога пркосевме на режим и на едно замолчено и кревко општество. Точно е дека првите приоритети ни беа на меѓународен план за да ги отворивме сите прозорци и врати на можности. Ние сме мала земја и мала економија. Ако не се вградиме во глобалниот свет ние не можеме да очекуваме прогрес“, рече Заев.

Премиерот посочи дека за прв пат, комесарот за проширување и добрососедство, Хан ја промовираше нашата земја како економска дестинација за нови инвестиции на Виенскиот економски форум и тоа само по себе зборува колку многу напредок е постигнат до сега. Тој исто така се осврна на тоа дека е важно да ја вратиме довербата во правосудството, да имаме здравство во кое пациентот е на прво место и да имаме култура за денеска и за иднината, а не за минатото како што беше претходно.
„Многу работи се сменија во нашата земја. Придобивките мора да ги верификуваат и да ги потврдат граѓаните. Во многу земји се случувале тие придобивки, ќе се почувствуваат и кај нас. Постигнатите економски бројки сѐ уште граѓаните не ги чувствуваат непосредно, но сами по себе се надеж дека ќе се почувствуваат ефекти ако продолжиме по тој пат. Јас сум премиер кој сака да учи и да слуша. Ако заедно сработиме ќе ги максимизираме ефектите, убеден сум во тоа“, потенцираше премиерот Заев.
Во своето експозе за идните приоритети и политики, премиерот Заев се задржа на евроспките интеграции и ја истакна мотивацијата за динамичен континуитет во непосредните активности од нашиот процес за членство во ЕУ.
„За 9 или 10 месеци да бидеме полноправна членка на НАТО. Исто така важно е и ЕУ да испорача резултати, Не оквалификуваа како светол пример. Важно е сите да се вклучиме. Секој да ги засука ракавите и секој да го најде своето вистинско место. Мора да бидеме добар сервис за граѓаните“, рече премиерот Заев.
Во овој дел од дискусијата, професорката Беса Арифи даде свое видување за идните чекори и приоритети на Владата во следниот период и рече дека во Извештајот на Европската комисија е нотиран значителен напредок во рамки на реализацијата реформскиот процес, во сите области, а посебно во правосудството, разунавачките служби и во јавната администрација.
„Јас сум дел од Советот за следење на реформите во правосудниот систем можам да кажам дека со најголема посветеност се следени сите упатства од сите извештаи и на Прибе и на ЕК при носење на низа закони кои ни ја донесоа ова добра оценка во извештајот на ЕК. Владата, граѓаните, и академскиот сектор, беа партнери во носењето на овие закони. Како општество е важно да го видиме и она што не го пишува во извештајот“, додаде професорката Арифи и рече дека фокусот во следниот период треба да биде достапноста на правдата, имплементација на законите и квалитетната борба против корупцијата.
Директорката на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска во своето излагање зборуваше за потребата од квалитетно спроведување на законските решенија, на реформата во јавната администрација и на враќање на довербата на граѓаните во инситутциите.
„Неспорно е дека оваа влада во изминативе 2 години помина низ крупни процеси за да се отвори патот кон ЕУ и НАТО. Ние како граѓански организации низ комуникација со граѓаните знаеме како функционира јавната администрација. Општа констатација приоритет мора да биде на оваа Влада да ја врати довербата на граѓаните во администрацијата. И мора имплеметацијата да биде висока за да можат граѓаните да почувствуваат ефекти од реформските закони. Сѐ додека не се случи тоа не може да зборуваме за вистинска реформа во земјата. Се донесоа многу закони за кои претходно беше незамисливо дека ќе се донесат. Но, тоа бара висок степен на имплементација за да бидат постигнати ефектите. Потребен е систематски пристап“, рече Пировска и додаде дека за да ја направиме државата на задоволни граѓани мора да претрпи трансформација и културата на државната администрација.
Граѓанската активистка и претседателка на НВО Амбрела, Љатифа Шиковска зборуваше за очекувањата на ромската заедница од до сега сработеното, за Националата стартегија на Ромите и за новиот закон за социјална помош со кој зе зголемува помошта и опфатот на граѓани чии корисници во најголем дел се припадници на ромската заедница, за кој изрази очекување дека ефикасно ќе се имплементира.
Новинарот Томислав Кежаровски зборуваше за важноста на слободата на говорот и изразување, потсети на времето кога овие основни човекови права беа загрозени во периодот на владеење на претходната власт, и нагласи дека овие вредности мора да останат во врвот на приоритетите на Владата на РСМ.
„Правото на слобода на говор е едно од основните човекови права. Без слобода на говор нема слободни луѓе и слободни луѓе. Ова слобода е право на секоја демократија. Преку слободата на говорот може да корегираме она што го прави извршната власт. Новинарите треба да бидат надзор и контрола на власта. Важен е квалитетот и степенот на информирање на граѓаните“, истакна новинарот Кежаровски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.
Македонија
Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане, бараат од СДСМ
„Споредбите со земјите од ЕУ како аргумент за укинување на техничката влада се класична манипулација. Никаде во Европа нема ваква корумпирана влада“, велат од СДСМ.
„Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем.
Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, се уште еден пример дека влез на опозициски министер ќе значи отворање и на другите криминални шеми во министерството.
Од тоа се плаши тендер коалицијата. Не сакаат техничка влада, затоа што тоа ќе значи отворање на пандорината кутија на криминалните тендери.
Без техничка влада не може да има праведни избори, нема контролен механизам и нема фер избори и затоа мора да остане“, соопшти СДСМ.

