Македонија
Граѓаните се организираат за масовен дочек на европскиот шампион
Граѓаните на социјалните мрежи се организираат за масовен дочек на европскиот шампион Вардар, кој вечерва треба да пристигне во земјава. Навивачката група Комити на својата Фејсбук страница објави дека во 23.55 часот ,,црвено-црните” херои слетуваат на скопскиот аеродром.

,,Ги повикуваме сите оние кои планираат со приватни возила да одат на пречек, во големо дефиле утре организирано заедно да се упатиме кон Аеродром. Воедно апелираме до сите превозници, пред се јавни, но и приватни, да излезат во пресрет и сите оние кои сакаат да ги пречекаат на Аеродром, а немаат сопствен превоз да можат да бидат покрај своите јунаци”, се вели во повикот.
Граѓаните ќе се собираат пред салата Јане Сандански во 22 часот, а по половина час ќе се упатат кон скопскиот аеродром.
,,Шампионските срца заслужуваат величествен пречек! Парадата на гордоста започнува со Пречекот на Аеродромот, каде одиме со автомобили, потоа со дефиле од илјадници автомобили, мотори, веспи, автобуси, велосипеди, тротинети…
Ја повикуваме цела црвено-црна армија и цел македонски народ заедно со овој голем успех да ја прославиме храброста, истрајноста, борбеноста, непокорот, а со малку повеќе среќа и божја волја – втората европска титула”, се вели во повикот на ,,Парадата на гордоста”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

