Македонија
Младите со поддршка на локалната библиотека „Гоце Делчев“ му дадоа нов урбан дух на Велес
Клубот на млади креативци при локалната библиотека „Гоце Делчев“ заедно со повеќе од 20 средношколци – волонтери, на 31 мај и 1 јуни, реализираа практична работилница под отворено небо, за урбанизирање на неколку локации во Велес под насловот „Урбанизирај се!“.
Тимот на „Урбанизирај се!“ остави уметнички белег на четири локации во Велес преку креации кои обезбедија нов простор за забава на најмладите, како и едукативни содржини кои ќе влијаат на подигнување на свеста за стиловите на уметност, важноста на учењето преку игри и забава, важноста на пренесувањето на знаења од генерација на генерација, како и поттикнување на одговорноста за културата на градот.
Главната цел на овие активности е да се покаже дека локалната библиотека „Гоце Делчев“ со помош на младите и амбициозни средношколци од Велес, преку еден процес на ко-креирање и ко-дизајнирање можат да поттикнат позитивна промена во локалната заедница.
Во почетната фаза на овој проект, беа организирани две работилници на кои младите креираа концепти за разубавување на градот, во кои, главниот акцент беше ставен на едукативни содржини, како и достапноста на истите за сите граѓани без разлика на нивната возраст. Потоа, младите креативци излегоа на терен и заедно со Локалната самоуправа ги дефинираа најсоодветните локации за реализација на овој проект. Конечните концепти за разубавување и урбанизација се реализирани на следниве локации: Градската библиотека „Гоце Делчев“, Трговскиот центар, Големиот градски парк и Младинскиот парк.
Активностите се спроведуваат во рамки на програмата „БиблиоБум“ која опфаќа повеќе локални библиотеки од државата, има цел да им помогне на библиотеките да креираат позитивни промени во локалните заедници. Библиотеките тоа го реализираат преку дизајнирање нови услуги и искористување на постоечките ресурси со цел нивна трансформација во центри на знаење, информации и креативни идеи.
Овој проект е поддржан од СмартАп – Лабораторија за социјални иновации и американската амбасада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

