Македонија
Заев по повод Рамазан Бајрам: Во духот на празникот да ја негуваме добрината кон сите
Премиерот Зоран Заев, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, упати честитки до Исламската верска заедница и до Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и членовите на Ријасетот, како и до сите верници од исламската вероисповед во земјава.
„Ви го честитам големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам со празничниот поздрав: Бајрам Шериф Мубарек Олсун, односно: Нека биде благословен и честит празникот! Им посакувам на сите наши сограѓани, Муслимани, небесен сјај за време на празничните денови на Рамазан Бајрам, со желби светлината да ги стопли сите срца за да бидат пренесени пораките за мир, толеранција и слобода за сите верници на Исламот, како и за припадниците на сите останати верски заедници“, пишува во честитката премиерот Заев и нагласува дека им посакува на сите наши сограѓани муслимани, среќата и радоста да се вселат во нивните домови.
,,Крајот на постот и дарбите што ги стекнавте за време на месецот на одрекувањето и воздржувањето, нека ве украсат со дух на солидарност и хуманост за да ги делите благодетите на празникот со вашите семејства, роднини, пријатели, соседи и намерници.
Во духот на празникот Рамазан Бајрам да ја негуваме добрината и кон другиот, добрината кон различните како порака водилка и за сите нас граѓаните на Република Северна Македонија за да продолжиме заеднички да го зајакнуваме нашето заедничко општество како едно за сите. Да го усовршуваме овој наш дом во кој секој граѓанин има еднакви услови за живот, среќа и реализација на сопствените амбиции“, се вели во честитката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

