Економија
Конференција на Народната банка: Ќе се стимулираат значајни унапредувања на пазарот на платежни услуги
Со промените во регулативата на коишто се работи во моментов ќе се стимулираат значајни унапредувања на пазарот на платежни услуги во земјава. Ова беше истакнато меѓу другото, денес во Охрид, на 12. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура, којашто ја организира Народната банка на Република Северна Македонија, во соработка со Банката на Холандија, а на која се обратија и министерот за финансии, Драган Тевдовски и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.
Во своето обраќање, министерот Тевдовски истакна дека Законот за платежните услуги и платните системи, којшто заеднички го изработуваат Министерството за финансии и Народната банка и за кој вчера на Конференцијата се осврна и гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, ќе овозможи либерализација на пазарот на платежни услуги и влез на небанкарски институции, како што се платежните институции и институциите за електронски пари. „Овој закон ќе биде значаен чекор кон менување на платежниот пејзаж. Бизнис заедницата, особено финтек-компаниите се оние кои треба да воведат нови, иновативни начини на плаќање – лесно достапни и со помали трошоци. Со либерализацијата на пазарот ќе се зголеми и конкуренцијата со што ќе се стимулираат банките и другите финансиски институции да бидат поактивни во примената на технолошките иновации во финансискиот сектор“, рече Тевдовски.
Тој посочи дека заради привлекување на компаниите, пред сѐ оние од ИКТ индустријата, предвидено е платежните институции кои ќе бидат ангажирани со ограничен вид и обем на активности да се основаат со капитал од 1,3 милиони денари, наместо со 7,8 милиони денари, како што е досега.
Во однос на пазарната инфраструктура, во делот на пристап до капитал, министерот за финансии истакна дека се создадени услови за примена на крауфандинг во земјава, што е од особено значење за стартап-компаниите.
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски истакна дека придобивките од новините во информатичката технологија се неопходни за економскиот развој и дека мора да бидеме подготвени за предизвиците коишто ги носи брзиот технолошки развој, како и за прифаќање на промените коишто се случуваат на глобално ниво.
„Процесот на дигиталната трансформација е долг и не е едноставен, но во изминативе години направивме значајни чекори за создавање предуслови за забрзување на овој процес и кај нас. И тоа не само предуслови од технички карактер, туку и правни основи, особено во доменот на финансиската инфраструктура. Со цел да се унапреди развојот на економијата, работиме и на воспоставување цврста дигитална инфраструктура со еднаков пристап за јавните и приватните институции, компаниите и граѓаните и нашата регулатива ја усогласуваме со регулативата на Европската Унија. Веќе имаме цврста рамка за отворен и сигурен дигитален простор“ – истакна тој, при што посочи дека усогласувањето на домашното со европското законодавство од оваа сфера е првиот поголем чекор во процесот, со што се обезбедува сигурното извршување на дигиталните активности.
Манчевски се осврна и на постигнатиот напредок со дигиталната идентификација кај нас и со сигурноста на дигиталните услуги на јавните институции, како и со воспоставената платформа за сигурна размена на податоци меѓу јавните институции, којашто е основа за дигитализација на процесите во земјава.
На годинешново издание на Конференцијата за плаќањата и пазарната инфраструктура има учесници од четиринаесет држави. Денес, своите експертски гледишта за менувањето на платежниот пејзаж ќе ги изнесат и претставници на неколку централни банки од Европа.
Во рамки на конференциските активности беше одржана и панел-дискусија на која истакнати експерти од банкарскиот сектор и секторот финтек говореа за светот на отвореното банкарство и за финтек во иновациите на плаќањата. Изнесените гледишта ќе бидат од корист за натамошното согледување на дел од предизвиците со коишто се соочува и централнобанкарската заедница. Конференциската програма завршува утре, кога дел од експертите од Европа ќе дискутираат за неколку клучни прашања за новите трендови во платежната сфера и во одделни работни групи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

