Регион
Ексминистер за образование сексуално вознемирувал малолетничка во Бања Лука

Полицијата во Република Српска приведе ексминистер во владата на РС осомничен за сексуално малтретирање малолетно девојче (11) од Бања Лука.
Според пишувањето на медиумите, се работи за поранешниот министер за одбразование, Ненад Сузиќ (69) од Бања Лука, кој се сомничи дека сексуално го вознемирувал девојчето подолг период, така што го допирал и му велел со никого да не разговара за тоа, пренесе „Независне“.
Случајот го пријавило основното училиште во кое оди девојчето по што Сузиќ итно бил приведен.
Сузиќ работи како редовен професор на Филозофскиот факултет во Бања Лука на предметот општа педагогија и методика на воспитно-образовниот процес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек уапсен во Далмација за силување и детска порнографија

Окружното државно обвинителство во Сплит отвори истрага против 25-годишен хрватски државјанин под сомнение за силување и повеќе кривични дела на детска порнографија.
Според соопштението од државното обвинителство, мажот е осомничен дека ги сторил овие кривични дела во 2024 и почетокот на 2025 година во Сплитско-далматинската жупанија. Тој е обвинет за силување согласно член 153 став 1 од Кривичниот законик и повеќе кривични дела детска порнографија согласно член 163 став 1 и 2.
По сослушувањето на осомничениот, Окружното државно обвинителство му предложи на истражниот судија да му биде одреден притвор поради можноста за влијание врз сведоците и ризикот од повторување на кривичното дело. Судијата го прифати предлогот и му одреди притвор врз основа на законски основи согласно член 123 од Законот за кривична постапка.
Регион
Вучиќ е во посета на Украина

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес ќе ја посети Украина, што е прва посета на лидерот на земјата која одржува срдечни односи со Москва од почетокот на војната во февруари 2022 година, објави претседателството во соопштение.
„Претседателот на Република Србија ќе ја посети Украина еден ден во среда, 11 јуни, каде што ќе учествува на самитот Украина-Југоисточна Европа“, објави српското претседателство.
Српскиот шеф на државата не ја посетил Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.
Посетата доаѓа неколку дена откако Русија ги обвини српските компании за оружје дека се обидуваат да „забијат нож во грб“ на Москва со продажба на муниција на Украина.
Присуството на српска муниција во Украина никогаш не е јавно признато или целосно негирано. Неколку недели претходно, Александар Вучиќ, кој балансира помеѓу својот историски сојузник Русија и својата желба да се приклучи на Европската Унија, беше на Црвениот плоштад во Москва за да ја прослави 80-годишнината од поразот на нацистичка Германија.
Регион
15-годишната Леа од Косово убиена во масакрот во Грац

Во денешниот масакр во училиштето во Грац загина 15-годишната Леа Бајрами, родена во градот Витина, Косово. Информацијата ја потврди градоначалникот на општина Витина, Сокол Халити.
„Драго семејство Бајрами, длабоко сум шокиран од веста за трагичната загуба на вашата ќерка Леа од нашата општина, која го загуби животот во сериозен напад што се случи денес во градот Грац, Австрија. Овој сериозен настан длабоко нè погоди сите. Губењето на еден млад живот е рана што остава неизбришлив белег во душата на секој од нас.
Во мое име и во име на општина Витина, изразувам најискрено и најдлабоко сочувство. Со вас сме во овој тежок момент и се молиме Бог да ви даде сила да се справите со оваа голема болка. Споменот за неа секогаш ќе остане жив меѓу нас“, напиша Халити на Фејсбук и сподели фотографија од Леа од нејзиното детство.
„Исто така, изразувам сочувство до мојата пријателка, градоначалничката на Грац, Елке Кар. Во име на општина Витина и нашите граѓани, изразувам најдлабоко сочувство за трагичниот настан што се случи денес во вашиот град, каде што за жал млада девојка од нашата општина го загуби животот заедно со уште девет лица.
Свесни сме за предизвиците што ги носи ваков чин на насилство и ја споделуваме со вас и со граѓаните на Грац болката од оваа трагедија. Го цениме вашиот институционален одговор и посветеност на безбедноста на сите граѓани, без оглед на потеклото“, додаде тој.
За потсетување, „Кликс“ претходно денес објави дека меѓу убиените се двајца млади луѓе по потекло од Босна и Херцеговина – 17-годишна ученичка со иницијали К.Ј. и девојка Х.А. Информациите за идентитетот на жртвите беа потврдени за Кликс од имамот во Грац, Сабахудин Хасиќ.