Свет
Лавров: Џон Кери го призна референдумот на Крим за легитимен, но побара повторување
Поранешниот американски државен секретар, Џон Кери, призна дека исходот од референдумот на Крим во 2014 година ја рефлектира волјата на народот, но наместо јавно да го признае, тивко повика на повторено гласање, тврди рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров.
Во големо интервју за РБК, Лавров изјави дека државниот секретар на администрацијата на Обама, Џон Кери, се согласил со Москва дека референдумот од март 2014 година на Крим, на кој мнозинството гласаше за повторното обединување со Русија, ја одразува волјата на народот.
Во исто време, Кери, наводно, побарал од Москва повторно да го спроведе референдумот поради протоколот.
„Нема да откријам голема тајна ако кажам дека Кери во април 2014 година ми рече: Сè е јасно, се случи онака како што сака народот на Крим. Но, поради формата, одржете уште еден референдум“, раскажа Лавров.
„Ако веќе сфаќате сè, зошто да ги тераме луѓето повторно да гласаат?“, го прашал Лавро објаснувајќи го размислувањето на Кремљ.
Лавров, кој е еден од најискусните и најистакнати руски официјални претставници по 2004 година, изјави дека се надева оти неговите откритија нема да ја расипат неговата врска со Кери.
„Се надевам дека Џон нема да се навреди од моите зборови“, рече Лавров додавајќи дека Кери во своите мемоари исто така споменал дел од нивните тет-а-тет разговори.
Лавров и Кери беа во добри односи за време на неговиот мандат како државен секретар од 2013 до 2017 година – нивниот однос беше заслужен за потпишување на договорот од 2013 година за уништување на сириското хемиско оружје.
Кери, веројатно, никогаш нема да каже дека го признал референдумот на Крим – со оглед на сегашната официјална позиција на Вашингтон.
САД жестоко се спротивставија на идејата за референдум, дури и пред тој да се случи, прогласувајќи го гласањето неважечко во резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, која подоцна доби вето од Русија.
Првин САД, па потоа и ЕУ ѝ наметнаа санкции на Русија и пред и по референдумот. Во јавноста самиот Кери не се воздржуваше велејќи дека пристигнувањето на руските сили на Крим по барање на локалните власти претставува инвазија и дека референдумот е изнуден и лажен.
Тој став не се промени со промената на власта во Вашингтон. Портпаролот на Стејт департментот, Роберт Паладино, неодамна рече дека гласањето било под закана со оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Соработничката на Трамп поднесе оставка по судирот со него; тој порача: Одлична вест за земјата
Долгогодишната сојузничка на американскиот претседател Доналд Трамп, Марџори Тејлор Грин, денеска соопшти дека ќе поднесе оставка од местото во Претставничкиот дом, по неодамнешниот судир со Трамп, кој нејзиниот потег го оцени како „одлична вест за Америка“.
Грин во објава на социјалните мрежи наведе дека „лојалноста треба да биде двонасочна улица“, а дека Конгресот е „во голема мера маргинализиран“ под администрацијата на Трамп.
Таа долго време беше лојална соработничка на Доналд Трамп и движењето МАГА, но последните недели зазеде ставови што се во спротивност со позицијата на Белата куќа, поради што американскиот претседател ѝ ја ускратил понатамошната поддршка. Како причина за раздор со Трамп, Грин го навела нејзиното залагање за објавување на владините досиеја за осудениот сексуален сторител Џефри Епштајн.
Покрај тоа, Марџори Тејлор Грин годинава стана првата републиканска пратеничка која го нарече нападот на Израел врз Појасот Газа геноцид. Таа минатата недела изјави дека се соочува со закани поради критиките што Трамп ги упати кон неа на социјалните мрежи.
Оставката на Марџори Тејлор Грин ќе ја намали републиканската мнозинска предност во Претставничкиот дом на 218 спрема 213 пратеници демократи.
Свет
(Видео) Се’ уште е во болница Мис Јамајка која падна од сцената на изборот за Мис Универзум
Мис Јамајка, Габриел Хенри, е хоспитализирана трет ден откако падна од сцената за време на прелиминарната рунда на изборот за Мис Универзум.
Имено, таа одеше во високи потпетици, пропушти чекор и падна од сцената. После тоа, ја изнесоа на носилка.
Како што потврдија организаторите на изборот за Мис Универзум, Хенри не се чувствува добро и сè уште е на лекување.
@amusestan A shocking moment at Miss Universe 2025: Gabrielle Henry, Miss Universe Jamaica 2025, fell from the stage and had to be taken to the hospital on a stretcher. 💔🇯🇲 Wishing her strength, safety, and a speedy recovery. Miss Universe Jamaica 2025 – Gabrielle Henry @missuniverse #MissUniverse #MissUniverse2025 #MissUniverseJamaica #MissUniverseJamaica2025 #GabrielleHenry #jamaica #preliminary #eveninggown #stage #thailand #nawat #missgrandinternational #scandal #drama #amusestan ♬ original sound – amusestan
Поради нејзината состојба, лекарите изјавија дека таа ќе мора да остане на интензивна нега најмалку седум дена додека лекарите продолжуваат да ја следат нејзината состојба.
Мис Универзум ги замоли сите да продолжат да се молат за Габриел во овој тежок период за неа.
„Ја молиме јавноста да избегнува споделување негативни коментари, шпекулации или дезинформации што би можеле да го доведат семејството во понатамошна неволја. Нашиот примарен фокус останува на нејзиното закрепнување и благосостојбата на нејзиното семејство“, рекоа тие.
Свет
Венс: Мировниот план мора да го зачува украинскиот суверенитет
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс порача дека мировниот план за Украина мора да го зачува украинскиот суверенитет. Претседателот Доналд Трамп ѝ даде рок на Украина до четврток да одговори на неговиот најнов мировен предлог, кој предвидува значајни уступки од Киев, меѓу нив повлекување од делови на источна Украина.
Венс на „Икс“ порача дека секој план мора да го запре крвопролевањето и да биде прифатлив и за Украина и за Русија. Тој ги критикуваше противниците на предлогот, велејќи дека погрешно го толкуваат или ја игнорираат реалноста на теренот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина се соочува со „многу тежок избор: или да го загуби достоинството или да ризикува да го загуби клучниот партнер“, мислејќи на САД. Рускиот претседател Владимир Путин го прими планот позитивно, оценувајќи дека документот од 28 точки може да биде основа за мировно решение.
Европските лидери, меѓу кои германскиот канцелар Фридрих Мерц, како и лидерите на Франција, Италија и Обединетото Кралство, денес ќе одржат состанок на маргините на самитот Г20 во Јоханесбург за да го усогласат можниот одговор. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го најави состанокот на „Икс“.

