Македонија
Привремен сообраќаен режим на улицата Димитрија Чуповски
Град Скопје ги известува граѓаните дека денеска и утре на улицата Димитрија Чуповски, во центарот на градот, ќе се воведе привремен сообраќаен режим поради изведување градежни работи.
Поради асфалтирање на улицата Димитрија Чуповски, на потегот од раскрсницата со булеварот ВМРО до крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски, денеска, почнувајќи од 7 часот наутро, па до 7 часот утре, ќе бидат затворени за сообраќај три коловозни ленти, и тоа: две ленти во правец Центар – студентски дом „Кузман Јосифовски-Питу“ и една лента во правец дом „Кузман Јосифовски-Питу“ кон Центар. Возилата што се движат од Центар кон „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе мора да вртат десно на крстосницата на булеварот ВМРО со улицата Димитрија Чуповски и да возат кон булеварот Партизански одреди. Возилата што се движат од домот „Кузман Јосифовски-Питу“ кон Центар ќе се движат во една лента, крајната десно.
Исто така, возилата што се движат по улицата Васил Главинов кон крстосницата со улицата Димитрија Чуповски ќе може да одат право кон булеварот ВМРО и лево кон Центар. Вртењето во десно за нив ќе биде забрането.
В сабота (8.6.2019 година), пак, со почеток во 7 часот наутро до 7 часот на 9.6.2019 година ќе бидат затворени три коловозни ленти на улицата Димитрија Чуповски, и тоа: две ленти во правец студентски дом „Кузман Јосифовски-Питу“ – Центар и една лента во правец Центар – студентски дом „Кузман Јосифовски-Питу“. Возилата што се движат од Центар кон „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе се движат по една коловозна лента, а возилата што се движат од „Кузман Јосифовски-Питу“ кон Центар ќе вртат лево или десно по булеварот Свети Климент Охридски. Исто така, вртењето во десно од булеварот Свети Климент Охридски кон улицата Димитрија Чуповски ќе биде забрането, односно возилата ќе продолжуваат да се движат право по булеварот.
Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

