Забава
(Видео) Инвазија на диви свињи во Белград, една настрада во центарот на градот
Српската престолнина Белград последниве неколку дена е под инвазија на диви свињи кои побегнале од Големиот воен остров поради надојдената вода, пренесуваат локалните медиуми.
Според податоците, овие диви животни најпрво се упатиле кон Нов Белград и Земун, а сега се движат и низ централното подрачје на градот.
Ošle divlje svinje preplivale Savu i postale prečani. Pobegle u dobro (čvarke)
?
Foto beta pic.twitter.com/dD5LfXNHBp
— Andrej Širka (@andrejsirka) June 8, 2019
На Земунскиот кеј синоќа биле фатени три диви свињи од страна на ловечките друштва „Земун“ и „Ветерина Београд“, со што вкупната бројка се искачи на шест заловени животни во последниве неколку дена.
Медиумите, исто така, објавија дека една дива свиња настрадала во центарот на Белград.
Имено, откако таа рано утрово влегла во јавна гаража, работниците од паркинг службата се обиделе да ја избркаат, при што животното скокнало преку ограда на шестиот кат и угинало.
Ljudi, ovo je postalo mnogo ozbiljno! Ne idite danas na Kalemegdan! Ima ih i na Obilićevom vencu! #divljesvinje #beograd #Srbija #kalemegdan pic.twitter.com/iFU3mfIKCM
— Nevidljivi_svedok (@NevidljiviS) June 8, 2019
Една дива свиња денеска била забележана и на Калемегдан како се обидува да се искачи на бедемите.
Управата за шуми ги предупреди жителите на Белград на потенцијална опасност од диви свињи, кои се присутни во некои делови на општините Земун и Нов Белград.
Crni Rok “Kuda idu divlje svinje” -:)RT VanjaBursac: ortak naleteo na VEPRA kod ušća?!??!?!!??! sinoć?!??!?, pic.twitter.com/OGppNwCRxX
— Cаjbeр Vanderласт (@CyberWanderlust) June 7, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Француска казна за „мачор-престапник“ – сопственичка плати 1.250 евра бидејќи мачката одела кај соседот
Суд во францускиот град Безје ја казнил Доминик Валдије со 1.250 евра затоа што нејзиниот портокалов мачор Реми редовно одел кај соседот и правел штета — оставајќи траги од шепи, мокрејќи по ќебиња и вршејќи нужда во дворот. Пресудата предвидува и дополнителна глоба од 30 евра секој пат кога мачорот повторно ќе ја премине оградата.
Организацијата за заштита на животни (SPA) предупреди дека случајот може да создаде правен преседан што би ја ограничил слободата на мачките да се движат во својата околина и би ги одвратил луѓето од нивно вдомување.
Валдије вели дека сега го држи Реми затворен во куќата: „Се здебели и стана агресивен. Како да му е изречена домашна казна.“ Дел од соседите ја поддржуваат, оценувајќи дека пресудата е апсурдна и штетна за сите сопственици на животни.
Забава
(Видео) Џулија Фокс предизвика лавина критики со морбиден костим инспириран од убиството на Кенеди
Aктерикаа Џулија Фокс успеа повторно да ја шокира јавноста, овој пат со својот избор на костим за Ноќта на вештерките. На забавата на нејзиниот пријател Хулио Торес во Њујорк, 35-годишната Фокс се појави облечена како поранешната прва дама Џеки Кенеди, во реплика на познатиот розов костим извалкан со крв од денот кога Џон Ф. Кенеди беше убиен во 1963 година.
Оригиналниот костим на Џеки Кенеди, кој го носеше во времето на убиството на нејзиниот сопруг, никогаш не е исчистен и се чува во Националниот архив на Соединетите Американски Држави од 1964 година, што му дава на овој чин на актерката дополнителен морбиден шмек.
@people #JuliaFox dressed as blood-soaked #JackieKennedy on the day of her husband President #JFK ♬ [News] Neutral news(1413858) – poco poco music
Откако списанието „Пипл“ објави видео од Џулија Фокс од црвениот тепих на социјалните мрежи, следеше лавина од негативни коментари од шокираната јавност. „Без здив сум. Толку несоодветно“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Тоа е најодвратното нешто што некогаш сум го видел“.
Зборуваше и актерката Ивет Никол Браун. „Одвратно на ниво што мојот ум не може ни да го сфати. Ми паѓа на ум цитатот „некои луѓе толку многу сакаат да остават трага што не им е гајле дали е дамка“. Толку очајната желба за слава само продолжува да гарантира дека ќе бидете мразени засекогаш“, рече таа.
Џулија Фокс, патем, е позната по своите провокативни и честопати бизарни модни избори кои редовно привлекуваат медиумско внимание.
Забава
Хајди Клум воодушеви во неверојатниот костим на Медуза на забавата за Ноќта на вештерките
Хајди Клум повторно ја оправда титулата „кралица на Ноќта на вештерките“, појавувајќи се во спектакуларен костим на митската Медуза на нејзината традиционална забава во Њујорк.
На 24. издание на нејзината забава во хотелот „Хард Рок“, славната манекенка и водителка се трансформираше во Горгона, додека нејзиниот сопруг Том Каулиц го толкуваше грчкиот херој Персеј.
Подготовките започнале пет месеци однапред, а трансформацијата на денот на забавата траела повеќе од десет часа. „Сè е рачно отсликано“, откри Клум, додавајќи дека на изгледот работеле околу 15 луѓе. Деталите, како механичките змии што се движеле на нејзината глава и лушпестите делови, биле дел од целосната визија.
Клум признала дека идејата за Медуза ја имала одамна.
„Сакав да изгледам страшно, со вистински змии што се движат и остри заби – како вистинска ѕвечарка,“ рече таа. Публиката и медиумите беа воодушевени, нарекувајќи ја трансформацијата импресивна и морничава во исто време.
Позната по својата посветеност и креативност, Клум секоја година ја поместува границата со нови костими. Во минатото се појавувала како Џесика Рабит, вукодлак од „Трилер“, Фиона од „Шрек“, Клеопатра, паун, огромен црв и Е.Т., кој беше хит костимот од минатата година.

