Свет
Криминални мигранти тврдат дека ќе се жртви на трговија со деца за да ја избегнат правдата
Современиот закон за ропство на британската премиерка Тереза Меј се злоупотребува со дозволување на криминалните мигранти да тврдат дека се помлади 18 години и жртвите на трговија со луѓе за да го избегнат апсењето, покажува истрагата на „Сандеј тајмс“.
Законот за модерно ропство, кој беше воведен за да ги заштити работниците кои биле прокриумчарени во земјата за да работат на фармите за канабис, салоните за убавина или дури и како проститутки, предвидува заштита за малолетници кои треба да бидат заштитени од кривично гонење ако се вклучени во криминална активност.
Но сега многу возрасни кои се фатени на такви работни места тврдат дека се помлади од 18 години за да избегнат судско гонење.
Извештајот на „Сандеј тајмс” вели дека им биле покажани документи што се однесуваат на повеќекратни случаи на виетнамски возрасни криминалци кои биле ставени под старателство на државата зашто тврделе дека се помлади од 18 години.
Во еден случај, работник во фабрика за канабис тврдел дека има 15 години и дека бил прокриумчарен во Велика Британија. Обвинителството советувало да не биде поднесено обвинение бидејќи полицијата не може да докаже дека осомничениот не е дете иако полицајците тврдат оти криминалецот бил очигледно возрасен со јасна намера да одгледува големо количество канабис.
Криминалниот возрасен мигрант бил сместен во системот за социјална грижа и исчезнал по три дена. Полицијата дури и го завела човекот како ранливо исчезнато дете. Кога повторно бил пронајден и повторно тврдел дека има 15 години, бил сместен во згрижувачко семејство, но уште еднаш исчезнал. Неговото место на живеење сега е е непознато.
И покрај злоупотребите на системот, минатата недела беше донесена одлука дека проценките за возраста врз основа на физичкиот изглед на баратели на азил кои не се придружувани се незаконски.
Новата пресуда вели дека проценката на луѓето според нивниот физички изглед, дури и ако изгледа дека се значително постари од 18 години, не е легитимна и доведува до ризик деца да бидат незаконски притворени.
Во владиниот извештај од април 2018 година откриено е дека 65 отсто од наводно малолетните мигранти без придружба, чија возраст била доведена до прашање, биле возрасни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
По критиките од Трамп, Лондон објасни зошто не дозволил користење на базите за напади врз Иран
Даунинг стрит реагираше на изјавата на Доналд Трамп, кој рече дека е „многу разочаран“ од премиерот Кир Стармер затоа што не дозволил веднаш САД да ги користат британските воени бази за започнување офанзивни напади врз Иран.
Официјалниот портпарол на премиерот изјави дека Обединетото Кралство донело внимателна одлука да не се вклучува во офанзивни акции, бидејќи сака да придонесе кон решение на ситуацијата во регионот.
Тој појасни дека американското барање за користење на базите во одбранбени цели се совпаднало со иранските напади врз британските интереси и загрозување на британските граѓани. На тоа барање, додаде, Обединетото Кралство „одговорило соодветно“.
Претходно денеска Трамп изјави за британски весник дека на Стармер му требало „предолго“ да се предомисли.
„Тоа веројатно никогаш досега не се случило меѓу нашите земји“, изјави американскиот претседател за „Телеграф“.
„Звучи како да бил загрижен во однос на законитоста“, додаде Трамп.
Премиерот на Обединетото Кралство подоцна го прифати американското барање за користење на британските бази за одбранбени напади врз складишта на ирански ракети или нивни лансирни позиции.
Фото: ЕПА
Свет
Не сме во војна, порача Лондон по нападот врз базата на Кипар
Британската влада соопшти дека Обединетото Кралство не е во војна, и покрај нападот со дрон од иранско производство врз базата на Кралското воено воздухопловство (РАФ), Акротири, на Кипар.
Според британските власти, дронот ја погодил пистата доцна во неделата. Нема повредени, а штетата е оценета како минимална. Подоцна биле пресретнати уште два дрона насочени кон островот.
Министерот за Блискиот Исток Хамиш Фалконер изјави дека Иран не смее да располага со балистички ракети насочени кон регионот и повика на дипломатско решение.
Велика Британија не учествувала во почетните напади врз Иран, но премиерот Кир Стармер во неделата дозволи САД да ги користат британските бази за одбранбени напади врз ирански ракетни системи. Владата нагласи дека базите не смеат да се користат за напади врз политички или економски цели во Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е разочаран од одложувањето на британската одлука. Во меѓувреме, британското Министерство за одбрана соопшти дека од безбедносни причини се преместуваат семејствата на персоналот од базата.
Свет
Израел соопшти дека ликвидирал висок функционер на Хезболах во прецизен напад
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во прецизен напад во Бејрут го убиле Хусеин Маклед, за кого тврдат дека бил на чело на разузнавачкиот штаб на Хезболах.
„ИДФ потврдува дека во синоќешен прецизен напад во Бејрут е елиминиран Хусеин Маклед, кој служеше како шеф на разузнавачкиот штаб на Хезболах“, се наведува во соопштението.
Нападот доаѓа откако Хезболах официјално се вклучи во конфликтот меѓу Иран од една страна и Израел и САД од друга, отворајќи нов фронт со ракетни и дрон-напади од јужен Либан. Израел потоа изврши одмазднички удари врз цели на групата во Либан.
Фото: ЕПА

