Македонија
Обединети за Македонија: Отворени листи и помали плати на пратениците
Обединети за Македонија е за промена на избирачкиот модел кон отворени листи и за плата на пратениците врз основа на просечната плата во Република Северна Македонија. Според партијата, со тоа ќе се направи квалитетна селекција и задните намери на пратениците ќе бидат во заден план.
„Почнувајќи од независноста на Македонија и паѓањето на комунистичкиот режим, изборниот модел во нашата држава не дозволува кандидатите за пратеници што се подолу на листата на партии и коалиции да добијат шанса да бидат изгласани од народот. Гласачите треба да имаат поголемо влијание врз луѓето што треба да ги претставуваат, независно од која партија/коалиција се избрани“, велат од ОМ.
Отворената листа, додаваат од партијата, дозволува гласачите да избираат поединци наместо партија.
„Со отворена листа гласачите сами го одредуваат редоследот на кандидатите, а на кандидатите им дозволува да си водат и сопствена кампања за подобро да ги претстават своите визии и идеи пред народот“, велат од Обединети за Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Пронајдено лице што вчера се изгубило на Водно
Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.
Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.
– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.
Македонија
Почина таткото на Тоше Проески
Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.
„Светол патот, татко мој“, напиша таа.
Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ветува изградба на магистрален гасовод од Свети Николе до Велес
За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе, изјави Драган Ковачки, носител на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.
„Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот“, рече Ковачки.
Повика на излезност на изборите на 8 мај.