Македонија
Итната медицинска помош на Скопје со шест нови амбулантни возила
ЈЗУ Здравствен Дом на Скопје соопшти дека се пуштени во употреба новите шест амбулантски возила на Службата за Итна медицинска помош.
Со тоа, велат од Здравствениот дом – Скопје, првпат по подолг временски период, Службата за итна медицинска помош во Скопје ќе има на располагање четиринаесет возила.
„По завршените административно –технички работи, во текот на вчерашниот ден сите шест амбулантски возила се регистрирани и се доопремени со потребната медицинска опрема со што од синоќа веќе се во фунција на потребите на граѓаните на Град Скопје и околните места, што се под надлежност на Здравствен дом на Скопје“, се вели во соопштението.
Од Министерството за здравство информираат дека останатите шест амбулантни возила, наменети за Крушево, Крива Паланка, Берово, Кичево, Струга и Дебар ќе бидат пуштени веднаш по завршување на административно-техничките работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дарко Каевски како директор на Агенцијата за млади и спорт заобиколувајќи ги законските процедури извршил распределба на пари преку така наречените ваучери до клубови и федерации, кои одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите да ги добие назад преку даночно ослободување“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, Каевски е фатен на дело, и веќе на сите им е јасно зошто излегувал и ширел лаги и манипулации во јавноста.
„Тоа се кадрите на СДС, како Дарко Каевски, вмешани во криминал и корупција. Време е Македонија да се ослободи од криминалците како Каевски. Време е да ја вратиме Македонија на народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер
Времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Услови за пороен дожд ќе има во текот на ноќта, соопшти УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно. Од пладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре, во ноќта кон петок и во петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Дневната температура од утре до сабота ќе биде во постепено опаѓање, а во недела ќе се покачи за 2 до 4 степени.
Скопје
Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково
Дел од корисниците на Волково и Кучково во Општина Ѓорче Петров од 7 до 16 часот ќе немаат електрична енергија.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, прекинот на струја е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.