Македонија
Владата: Сите институции ќе работат Охридскиот Регион да остане под закрила на УНЕСКО

Владата на денешната седница ја усвои информацијата за постапување по препораките на УНЕСКО и одлучи да продолжи со исполнувањето на релевантните препораки и одлуки на УНЕСКО во насока на зачувување на статусот светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот Регион.
Притоа Владата го задолжи вицепремиерот задолжен за економски прашања, во соработка сокКанцеларијата на премиерот, да формира работна група составена од функционерите на сите засегнати институции, која ќе постапи по забелешките на УНЕСКО за анализа за алтернативна рута на железничката пруга по должината на Коридорот 8, како и рутата од автопатот А2 Требеништа – Струга, во согласност со наодите на реактивната мониторинг-мисија и релевантните препораки на УНЕСКО.
Предлог-решенијата треба да бидат доставени до Владата најдоцна до 15 јануари 2020. Министерството за транспорт и врски е задолжено во соработка со Националниот парк Галичица и општините Охрид, Струга и Дебрца да изработи инвентар на нелегални градби во регионот и да го достави до Владата најдоцна до 1 септември оваа година. Министерствата за животна средина и просторно планирање и за култура се задолжени да изработат предлог-план за управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион, усогласен со Центарот за светско наследство на УНЕСКО и да биде доставен до Владата за усвојување најдоцна до почетокот на декември 2019 година.
Истовремено, Владата силно ги охрабрува општините Охрид и Струга да ги исполнат препораките на УНЕСКО со крајна цел Охридскиот Регион и натаму да биде под закрила на УНЕСКО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево време со локална облачност, следи стабилно време

Сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура. Во сабота ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известија дека на ден 10.10.2025 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на ул.Будимпештанкса и ул. Урош Џудовиќ(општина Карпош)
Македонија
Неколку улици во Кисела Вода денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на Виктор Иго 22, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Виктор Иго, Дренак, Драга Стојановска, Иван Козаров и Невена Георгиева-Дуња.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности и дека
· поради уличен дефект ф-150мм на улицата Христо Татарчев бб (Теферич), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од 3-та зона Припор.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.