Црна хроника
Албански државјанин почина во Охрид при сеча на дрва
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/isecheni-drva.png)
Албански државјанин на возраст од 32 години починал во охридското село Вапила при сеча на шума.
Како што информираат од МВР, од страна на лекари на итната медицинска помош на 12 јуни било пријавено дека на Албанецот со привремен престој во Охрид му се слошило во атарот на Вапила, на местото наречено Бел Камен, по што починал.
Увид извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Црна хроника
Измама во Ресен за 20 тони јаболка
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/03/jabolka.jpeg)
Полицијата поднесе кривична пријава против У.А.(38) од Ресен поради измама.
На 18.01.2025 пријавениот довел во заблуда едно лице дека ќе му продаде 20 тона јаболка за 183.000 денари, но откако ги зел парите ја прекинал комуникацијата со оштетениот, велат од МВР.
Црна хроника
Кривична за вработена во спортска обложувачница: „Од касата зела 1.000 евра“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/11/evra.jpg)
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Н.Д. од Куманово поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело ,,затајување’’.
Пријавената, како вработена во спортска обложувалница во Куманово, на 25.12.2024 од касата одзела 61.000 денари, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
54-годишен маж од Делчево загина при излетување од коловозот со мопед
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/MVR-policija.jpg)
Вчера во Полициската станица Делчево било пријавено дека околу 14.15 часот на бул.„Македонија“ во Делчево, на излезот кон с.Ѕвегор, делчевско, Љ.И.(54) од с.Ѕвегор, управувајќи мопед без регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот излетал надвор од коловозот.
Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди и додека бил пренесуван кон болница починал.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Делчево.