Македонија
Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје
Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем број испитаници, односно речиси половината, се изјасниле дека најмалку за Скопје направил актуелниот градоначалник Петре Шилегов. Во резултатите од анкетата, сепак, треба да се земе предвид дека Шилегов е градоначалник само една и пол година за разлика од Коце Трајановски и Ристо Пенов, кои беа на градоначалничките функции по два мандата.

Според резултатите од анкетата, 8,4 проценти од испитаниците се изјасниле дека Ристо Пенов, кој беше градоначалник на Скопје од 1996 до 2005 година, направил најмалку за градот. За Трифун Костовски, наследникот на Пенов, кој беше градоначалник од 2005 до 2009 година, негативно се изјасниле 16,4 проценти од испитаниците. За Коце Трајановски, кој беше градоначалник два мандата, од 2009 до 2017 година, над 27 отсто од анкетираните се изјасниле дека направил најмалку за градот.

На анкетата на „Макфакс“ гласале 5.474 испитаници. Анкетата беше спроведена на 13 јуни на 13 веб-страници и траеше 24 часа. Повеќето од лицата што се изјасниле на анкетата биле мажи на возраст од 25 до 44 години и гласале претежно од Македонија, а другите од Германија, Грција, САД, Австралија и од други држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

