Свет
(Видео) Запленети 16,5 тони кокаин во Филаделфија вреден една милијарда долари
Американските власти открија 16,5 тони кокаин во товарен брод „МСЦ Гајан“ во пристаништето во Филаделфија. Станува збор за една од најголемите заплени на кокаин во САД. Покренати се обвиненија против двајца морнари, кои признале дека помогнале во товарење на кокаинот на бродот додека бил на море. Станува збор за Иван Ѓурашевиќ и Фонофаве Тиасаге.
BREAKING: Chopper 3 is live over the Philadelphia Port where federal sources say up to 15,000 kilos of cocaine was seized during a drug bust.The U.S. Attorney's Office says 16.5 tons of cocaine worth $1 billion was confiscated.DETAILS: https://cbsloc.al/2WQYSFd
Posted by CBS Philly on Вторник, 18 јуни 2019
Според истрагата,тие го истоварале кокаинот од 14 чамци. Претпоставките се дека кокаинот бил префрлен на товарниот брод „МСЦ Гајан“ на Бахамите или откако го напуштил пристаништето на тие острови. Дрогата била сокриена во седум контејнери за пренос на стока, а била спакувана на 15. мај од Колумбија. Пратката била на пат кон Европа.
BREAKING: 16.5 tons of cocaine seized from a ship at Philadelphia’s Packer Marine Terminal, federal prosecutors say. “It’s the largest drug seizure in the history of the Eastern District of Pennsylvania.” Estimated value: $1 billion. CBS Philly
Posted by Joe Holden on Вторник, 18 јуни 2019
Бродот кој пловел со знаме на Либерија, стоел и во Перу, Панама и на Бахамите.Вредноста на запленетата дрога се проценува на повеќе од една милијарда долари, објави канцеларијата на државниот обвинител за Источниот округ на Пенсилванија.
,,Ова е најголемата заплена на дрога во историјата на Источниот округ на Пенсилванија. Членови на екипажот на бродот се уапсени и се соочуваат со федерално обвинение, а истрагата е во тек”, соопштија официјални лица.
,,Оваа количина на кокаин може да убие милиони луѓе”, напишаа од обвинителството на Твитер порачувајќи дека остануваат посветени на одржувањето на безбедноста на границите безбедни и на улиците од овие смртоносни наркотици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Словачкиот министер за одбрана: Украина пропушти историска шанса
Продолжувањето на вооружениот конфликт во Украина ќе предизвика уште поголема штета на Киев, изјави словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак во интервју за локалниот весник „Правда“.
„Колку подолго трае конфликтот, толку поголема штета ќе предизвика на Украина“, рече Калињак, оценувајќи дека Киев имал можност да постигне поповолен договор со Русија веднаш по почетокот на војната.
Според него, околностите значително се промениле во меѓувреме, а Европската Унија повеќе нема финансиски или човечки ресурси потребни за да продолжи со сеопфатна поддршка на Украина.
„Европа е уморна. Никој не сака да ги испраќа своите војници, а земјите-членки на ЕУ веќе се двоумат кога станува збор за понатамошно финансирање. Затоа се повеќе се зборува за користење на блокирани руски средства“, истакна словачкиот министер за одбрана.
Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека продолжувањето на конфликтот во Украина може да доведе до избувнување на трета светска војна.
Фото: депозитфотос
Свет
Зеленски предлага божиќно примирје; Русија го отфрла предлогот
Кремљ денес го отфрли предлогот на Киев за божиќно примирје, велејќи дека Русија нема намера да ги запре нападите за време на празниците, пренесуваат медиумите.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва „не сака примирје што би ѝ дало време на Украина да се прегрупира и да се подготви за продолжување на војната“. Тој додаде дека Русија сака „мир, а не краткорочни, неодржливи решенија“.
Зеленски предлага божиќно примирје
Предлогот за божиќно примирје прв го изнесе украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој вчера изјави дека Киев ја поддржува идејата барем привремено да ги запре руските напади, особено врз енергетската инфраструктура, за време на празничниот период.
Кремљ претходно денес изјави дека евентуалното примирје ќе зависи од тоа дали ќе се постигне поширок договор за прекин на војната. Песков, исто така, ги спомена изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за евентуален мировен договор.
„Прашањето е дали ќе постигнеме договор или не. Сакаме да ја запреме оваа војна, да ги постигнеме нашите цели, да ги обезбедиме нашите интереси и да гарантираме мир во Европа во иднина“, рече Песков.
Тој исто така рече дека Москва сè уште не видела никакви конкретни предлози за безбедносни гаранции за Украина, за кои, според американските и европските претставници, Вашингтон разговара со Киев. Украина, барем засега, тврди дека примирјето за Божиќ би било хуманитарно. Русија се чини решена дека нема да има.
Фото: депозитфотос
Свет
BBC одговори на тужбата на Трамп: Нема основа за тоа
Британската медиумска компанија BBC објави дека ќе се брани во судска постапка вредна пет милијарди долари што ја покрена американскиот претседател Доналд Трамп против неа. Трамп ги тужи поради спорното уредување на неговиот говор од 6 јануари 2021 година во документарецот „Панорама“, пишува BBC.
Во тужба поднесена во Флорида, Трамп ја обвинува BBC за клевета и кршење на законите за трговски практики. Неговиот правен тим тврди дека BBC го клеветила претседателот со „намерно, злонамерно и погрешно уредување на неговиот говор“.
Во својот говор на 6 јануари 2021 година, во пресрет на немирите во американскиот Капитол, Трамп рече на толпата: „Ќе одиме пеш до Капитол и ќе ги бодриме нашите храбри сенатори, конгресмени и конгресменки“. Повеќе од 50 минути подоцна во истиот говор, тој додаде: „И се бориме. Се бориме како луди“.
Сепак, емисијата „Панорама“ прикажа клип во кој Трамп вели: „Ќе одиме пеш до Капитол… и јас ќе бидам таму со вас. И се бориме. Се бориме како луди“. Би-Би-Си призна дека таквото уредување создало „лажен впечаток“ дека Трамп „директно повикува на насилни дејствија“, но во исто време го отфрли тврдењето дека постои основа за тужба за клевета.
Портпаролот на BBC кратко рече: „Како што јасно ставивме до знаење претходно, ќе се браниме во овој случај. Нема да коментираме понатаму за тековните судски постапки“.
фото/депозитфотос

