Македонија
Џафери во Кина: Посетата на високо ниво е со цел да ја прошириме економската соработка

На средба со потпретседателот на Националниот комитет на Народната политичка консултативна конференција, Џанг Чингли, претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој предводи собраниска делегација во официјална посета на Народна Република Кина, истакна дека минатогодишната посета на Џанг на нашата држава и оваа возвратна посета го покажуваат заедничкиот интерес за натамошно унапредување на односите и продлабочување на соработката.
Како што информираат од неговиот кабинет, Џафери истакнал дека ваквите посети на високо ниво и добрите политички односи со себе носат и голема придобивка за граѓаните, а тоа е проширување на економската соработка.
Тој во текот на разговорите акцентот го ставил на искористување на можностите за економска соработка и нагласил дека, покрај учеството на кинеските компании во изградба на два автопата во нашата земја и можното учество во изградбата на железничката инфраструктура, кинеските инвеститори би можеле да најдат свој интерес и во слободните економски зони и во инвестирањето во капацитети за обновлива енергија.
Како потврда на ваквата определба, Џафери го посочил активното учество на нашата држава во процесот на соработка 17 + 1 на Народна Република Кина и земјите од централна и источна Европа.
Потпретседателот Џанг на средбата исткнал дека зајакнувањето на парламентарните односи дава значаен придонес на добрите билатерални односи, а предлозите за поинтензивна економска соработка ги оценил како полезни за двете држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.