Контакт

Македонија

Културните работници со апел до Заев: Метлата нека го одмине МКЦ

Објавено пред

Поголема група работници во културата испратија отворено писмо до премерот Зоран Заев во кое се противат на најавените промени во управувачката структура на Младинскиот културен центар во Скопје. На писмото се потпишан голем број независни уметници, културни работници и организации и во него се вели:

dobivaj vesti na viber

„Почитуван г. Зоран Заев, Ви се обраќаме по повод најавените промени во управувачката структура на Младинскиот културен центар во Скопје. Не случајно ова писмо Ви е адресирано Вам, со оглед на тоа што неодамна најавивте суштински промени во Владата на РСМ, но и во голем број јавни институции во државата. Максимално ја поддржуваме потребата за прочистување и подигање на квалитетот на кадарот во државните и локалните институции, кои очигледно се цел на вашата популарно наречена метла и веруваме дека тоа го правите со желба за суштинско подобрување на ситуацијата во повеќето од нив. Но, во овој случај чувствуваме граѓанска одговорност да Ви укажеме на сериозните негативни последици врз кревкото битие на живата, автентична независна култура, до кои секако ќе дојде доколку го нарушите континуитетнот на работа на Младинскиот културен центар во Скопје.

Речиси една деценија МКЦ е дом и обединувачки фактор на македонската независна културна сцена. Тој е единствен простор каде што скопската и македонската алтернативна младина добива шанса уметнички и општествено да се изрази, без да е обременета со комерцијални стеги. Континуитетот и развојот на МКЦ во последната деценија, но и реализацијата на програмските предизвици, е без преседан во современа Македонија, од осамостојувањето до денес. Конечно, МКЦ Скопје е една од ретките јавни институции, ако не и единствена, која комплетно успешно и без никаква злоупотреба си ја извршува својата работа.

Затоа, господине претседател на Владата на РСМ, упатуваме силен апел до Вас, МКЦ Скопје да биде одминат од вашата метла овој пат. Причината е едноставна: не се уништува она што функционира. Факт е дека моментниот в.д. директор, господинот Русе Арсов, е поникнат во МКЦ и најголем дел од неговиот работен век го помина во оваа институција. Неговото искуство и суштинско познавање на независната сцена и култура, неговата отворена и непречена поддршка кон културните работници, како и неговата соработка со успешниот тим на МКЦ се суштествени за продолжувањето на добрата работа на оваа институција. Континуираниот процес на работа е од есенцијално значење не само за македонската култура туку и за општиот развој на вредностите на нашата општествена сцена.

Да не бидеме сфатени погрешно, ова не е е негативна пропаганда кон господинот Арбен Шаќири, кој деновиве веќе отворено ја прославува новата функција (директорско место во МКЦ Скопје). За него имаме максимална почит како музичар, кој повеќе децении работи и опстојува во земја како Македонија. Но, повеќе од очигледно е дека господинот Шаќири го нема ни оддалеку потребното искуство да раководи со институција што се занимава со комплексните потреби на независната сцена, чиј дел тој не е, ниту кога било имал интерес да биде.

Почитуван господине Заев, Ве молиме овој апел да го сфатите крајно сериозно и да не се сомневате во конструктивноста на нашите намери. Ние работиме со децении на независната сцена. Водени од желбата за напредок и повисок степен на култура бевме на улиците кога тоа беше најпотребно за нашата земја и, верувајте, таму ќе бидеме повторно ако има потреба. Каква било промена во МКЦ Скопје значи руинирање на еден од најсветлите континуитети во Македонија, брутален удар во нежното ткиво на независната сцена, со несогледливи последици во следните години, во кои токму таа сцена ќе мора да биде Ваш, но и голем сојузник на земјава во нејзиното присоединување кон Европската Унија. Доколку го нарушите овој фантастичен процес што успеавме да го развиеме, ќе бидете одговорен не само пред двигателите на македонската уметничка свест на ова време туку и пред историјата на нашата земја. Независната културна сцена можеби не изгледа импозантно во Вашите очи вперени кон Брисел и Вашингтон. Но, ние сите сме сепак тука и тука ќе останеме. Затоа, размислете“, се вели во писмото.

Отвореното писмо е потпишано од:

• Абдула Дениз, актер
• Азманова Наташа, архитектка
• Алексовски Дарко, ликовен уметник
• Алијевиќ Стефан, филолог
• Алтипармаков Јане, „Канал 103“
• Ангелевски Давид – Пиколомини, музичар, независна дискографска куќа „Шарла“
• Ангеловска Ѕвезда, актерка
• Андова Шопова-Николина, писателка
• Андоновски Кочо, ЛГТБТИ Центар за поддршка
• Андоновски Милош Б, театарски режисер
• Андоновски Петар, писател
• Анѓелков Игор, издравач и писател
• Антевски Петар, продуцент
• Аранѓеловиќ Весна, ликовна уметница
• Атанасова Иф Ивана, актерка, сценски автор, педагог
• Атанасова Милена, модна дизајнерка
• Ахмети Сафет, историчар на уметност
• Ацевска Јана, дизајнерка
• Баракоска Мартина, музичарка
• Башеска-Ристовска Ирма, сценаристка и новинарка
• Бегановиќ Сеида, писателка
• Бендевска Ена, граѓанска активистка („Медуза“)
• Беќар Мира, професорка
• Близнаковски Јован, политиколог
• Богдановски Матеј, ликовен уметник
• Божурска Кристина, ликовна уметница
• Бужаровска Румена, писателка
• Бузалкова Зоја, режисерка, Факултет за драмски уметности
• Буневска-Исаковска Калина, уредник („Блесок“)
• Васева Ивана, Факултет за работи што не се учат
• Василева Ана, активистка, феминистка
• Василева Јасмина, актерка
• Велковска Ема, дизајнерка
• Велковски Атанас, монтажер
• Велковски Филип, ликовен уметник
• Вељановска Елена, „Контрапункт“ – асоцијација за развој на критичка култура и современи уметнички практики
• Веселинов Благој, актер
• Видовиќ Ема, биотехнолог
• Вилиќ Небојша, професор
• Вукобрат Тања, ликовна уметница
• Вчкова Наташа, архитектка и сценографка
• Гавровски Георги, независен уметник, претседател на Македонското братство на магионичари
• Галевски Кире, фотограф
• Гелевски Небојша, графички дизајнер
• Гелевски Никола, писател и уредник („Окно“ и „Темплум“)
• Георгиев Сергеј, режисер
• Гешоска Искра, „Контрапункт“ – асоцијација за развој на критичка култура и современи уметнички практики
• Голејшка-Џикова Ана, поетеса
• Гунин Драгана, театарска режисерка
• Дамјаноски Милан, професор
• Делов Игор, графички дизајнер
• Дерибан Љубен, музичар аматер
• Димитријевиќ Ивица, актер МНТ, музичар, СИЗ/РИБ
• Димитров Славчо, „Маргини“ – Скопје
• Димитрова Билјана, културна работничка
• Димитрова Калија, граѓанска активистка („Медуза“)
• Димитрова Марија, продуцентка
• Димитровска Катерина, музичарка
• Димитровска Мила, архитектка
• Димковска Симона, актерка
• Димовска Лидија, писателка
• Диџеј Гоце, „Фанки фреш“
• Диџеј Чваре, „Фанки фреш“
• Додовски Димитар, музичар
• Доксевски Димитрија, актер
• Доксевски Наум, кинематограф
• Докузова Милка, архитектка
• Драгшиќ Ивана, „Плоштад Слобода“
• Дробицки Владан, музичар, НОБ, „Сетстат“
• Дума Дина, филмска режисерка
• Дурацовски Димитрие, писател
• Ѓорѓевиќ Драгољуб
• Ѓорѓиевска Јана, 3Д-уметница
• Ѓорѓиевски Тонкин Ненад, музичар и ликовен уметник
• Ѓурковска-Каеска Весна, блогерка
• Евтимов Синиша, режисер МНТ, музичар
• Ефремова Инес, ликовна уметница
• Жерносвки Велимир, ликовен уметник
• Заревска Драгана, независна уметница
• Зафировска Зорица, ликовна уметница
• Зафировска Христина, ликовна уметница
• Зафировски Борјан, филмски режисер
• Зафировски Ѓоко, музичар, „Нема лабаво“, „Дени те чува“
• Здравеска Драгица, наставничка по англиски јазик
• Здравески Ѓоко, писател
• Здравковска-Џепароска Соња, професорка
• Змејкоски Дејан, музичар, Сусијат
• Иванов Мартин, монтажер
• Иванова Тамара, ликовна уметница
• Ивановска Ана, ликовна уметница
• Ивановска Христина, ликовна уметница
• Ивановски Дејан, архитект
• Ивановски Иван, ликовен уметник
• Игновски Павле, „Македокс“, Театар „Навигатор Цветко“
• Илиоска Викторија, кореографка и изведувачка
• Јакимовска Јана, ликовна уметница
• Јакимска Ана, режисерка
• Јанев Марко, ликовен уметник
• Јаневски Ѓорѓи, културен работник
• Јаниќиевиќ Срѓан, режисер
• Јанковска Матеја МЈ, актерка
• Јанковски Владимир, писател
• Јанчевски Владимир, историчар на уметност
• Јанчовски Тихомир, писател
• Јаќоски Слободан
• Јованова Ива, музичарка аматер
• Јовановиќ Доријан, музичар, „Стринг форсис“, „Чалгија саунд систем“
• Јовановиќ Ѓорѓе, ликовен уметник
• Јовановска Ана, визуелна уметница
• Јовановски Филип, Факултет за работи што не се учат
• Јолдевски Ненад, писател
• Јордановска Бранкица, ликовна уметница
• Јорданоски Мартин, актер
• Јосифовска Дуфне Марта, костимографка
• Јосифовски Оливер, „Љубојна бенд“
• Јусуф Сара, актерка
• Кајевски Славиша, актер
• Карахасан Амир, ликовен уметник
• Карахасан Самир, ликовен уметник
• Караѓозовски Филип, архитект
• Караџовски Христијан, кинематограф
• Качакова Виолета, „Локомотива“ – центар за нови иницијативи во уметноста и културата
• Кирковски Бојан, актер
• Климоска Сара, актерка
• Коалиција „Маргини“ – Скопје
• Коцевска Ивана, балерина и кореографка, НОБ
• Коцевска Јана, „ЗГ за промоција на женската активност Тииит! Инк.“ – Скопје
• Кочовски Иван, правник
• Кнежевиќ Ана, филолог
• Крајчевска Билјана, драматург
• Крстески Ѓорѓи, ликовен уметник
• Кујача Николина, актерка, МНТ
• Куч Џано, музичар
• Лазаревска Ана, уметница
• Леловац Кристина, актерка
• Лембанов Андреј, кинематограф
• Лошкова Драгана, актерка
• Лукаш Владимир, ликовен уметник
• Љума Самир, кинематограф
• Максимова Нина, актерка
• Малеска Калина, писателка
• Манев Мартин, актер
• Маркоска-Милчин Ема, преведувачка
• Мартиновски Владимир, писател
• Милошевска Вера, „Љубојна бенд“
• Милошески Слободан, ликовен уметник
• Милчин Владимир, професор и театарски режисер
• Мирчевска Ивана, ликовна уметница
• Митевски Ненад, актер
• Митковски Оливер, актер, МНТ
• Митревски Сашо, музичар, Милко
• Михајлова Ина, графичка дизајнерка
• Мицевски Сашко Потер, монтажер
• Мицковски Ивор, новинар
• Муча Нита, историчарка на уметност и археолог
• Набаков Дарко, актер
• Набаков Раде, граѓански активист
• Најдовски Маријан, организатор
• Наумоска Касиопеја, ликовна уметница
• Нелковска Ивана, драматург
• Нешоски Доротеј, ликовен уметник
• Низамовска Бојана, група „Џун“
• Николиќ Нина, театарска режисерка
• Николовска Драгица, архитектка и фотографка
• Нихиу Гуѕим, граѓански активист
• Ничевски Миле, ликовен уметник
• Омерагиќ Дени, музичар, „Светлост“/„Палиндром“
• Павлаковиќ Ивана, актерка
• Пазарџиевска-Ристовска Елена, архитектка
• Панзов Златко, преведувач
• Пармаковска Фросина, писателка
• Пејовски Александар, композитор
• Пејовски Даријан, режисер
• Петковски Филип, магистер по кореологија
• Петрова Благица, граѓанска активистка
• Петровиќ Наташа, актерка
• Петровиќ Раша, филмски режисер
• Петрушевска-Јакимовска Весна, пијанистка во пензија
• Пировска Уранија, Хелсиншки комитет за човекови права
• Плачкова Оле, социјална работничка
• Попов Мирко, музичар, независна дискографска куќа „ПМГ рекордингс“
• Поповски Данчо, музичар, група „Џун“
• Прокопиев Илија, ликовен уметник
• Радиноска Билјана, театарска режисерка
• Ризова Дарја, актерка
• Ристевски Зоран, диџеј
• Ристеска Елена, Центар за нови иницијативи во уметноста и културата
• Ристеска Јоана, музичарка
• Ристески Никола, актер
• Ристовски Александар – Принц, музичар
• Ристовски Владимир
• Ристоска Тамара, актерка
• Рубен Виктор, продуцент
• Садику Артан, граѓански активист
• Саздов Данчо, група Џун
• Сандревски Александар, диџеј
• Синаноска Филис, музичарка
• Симонов Јордан, актер, режисер, МНТ
• Симоноска Павлина, Хелсиншки комитет за човекови права
• Симоска Сања, ликовна уметница
• Симоска Сара, архитектка
• Смилевска Марија, ликовна уметница
• Сотировска Марија, ликовна уметница
• Спасиќ Јане, театарски режисер
• Спировска Симона, актерка
• Спировски Бранислав, новинар
• Спировски Нинослав, музичар, „Светлост“
• Ставрески Ѓорче, режисер
• Стаматовска-Нешоска Ивана
• Стевовиќ Ненад, уредник и издавач („Или-или“)
• Степанулески Александар, актер
• Стефановска Инес, ликовна уметница
• Стојанов Дени, актер
• Стојанова Марија, претседателка на „Арт еквилибриум“
• Стојановиќ Милош, културен работник
• Стојановски Давор, писател
• Стојковски Марко, независен издавач, „Кран рекордс“
• Сулејман Неслихан, ликовна уметница
• Талевска Ирина, филолог
• Тасевски Филип, независен уметник, дискографска куќа „69 рекордс“
• Теодосиева Наталија, актерка
• Томиќ-Радевска Дијана, ликовна уметница
• Танурова-Тасевска Александра, новинарка
• Тануровска-Ќулафковски Билјана, доктор по драмски науки и магистер по менаџмент на култура, „Локомотива“
• Трајаноска-Ивановска Маја, преведувачка
• Трајковиќ Немања, ликовен уметник и дизајнер
• Трајковска Билјана, медија-менаџерка
• Трајковски Јане, музичар, РИБ, „Џун“
• Трујкановиќ Микица, ликовна уметница
• Ќорвезироска Оливера, писателка
• Улчар Исток Ј, писател
• Унковски Слободан, режисер, Театар „Навигатор Цветко“
• Филиповска Мирјана, историчарка на уметност
• Филиповски Тошо, независна дискографска куќа „Корпус деликти рекордс“
• Хаџи-Стефанов Ален, „Џез ФМ“
• Хорват Магдалена, писателка
• Христов Васил, режисер
• Христов Драган, моден дизајнер
• Христовска Ѓурѓица, Театар „Навигатор Цветко“/„Локомотива“
• Цветковиќ Ирена, Коалиција „Маргини“
• Цекиќ Анета, професорка
• Црвенковска Билјана, писателка
• Чалоски Јане, ликовен уметник
• Чочова Ели, ликовна уметница
• Џокиќ Владимир, рапер
• Шалдева Теа, музичарка, „Галатеа“
• Шапков Иван, ликовен уметник
• Шашевски Бојан, новинар
• Шемкоски Васил, илустратор, графички дизајнер
• Шопов Иван, писател
• Шурбановски Костадин, „Канал 103“



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Потпорен ѕид се урна во Штип и оштети автомобили кај болницата

Објавено пред

Потпорен ѕид на улицата Љубен Иванов во Штип, во близина на клиничката болница, утрово околу 9 часот се сруши и падна врз две паркирани возила, јавуваат локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Во инцидентот нема повредени лица, а на местото на настанот веднаш излегле надлежните служби.

Според првичните информации, причина за уривањето на ѕидот се неповолните временски услови.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Јаневска: Почнуваме нов циклус вложувања во 160 образовни инфраструктурни објекти

Објавено пред

Од

Почнуваме нов циклус на вложување во образовни инфраструктурни објекти, кои се еден од основните елементи за подигнување на квалитетот на образованието и за развој на психичкото и физичкото здравје на учениците. Лани вложивме 67 милиони за инфраструктурата. Годинава почнуваме нови 160 инвестиции, од кои 60 се спортски сали.

dobivaj vesti na viber

Ова го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска по поставувањето на камен-темелникот на новата спортска сала во ОУ „Григор Прличев“ во скопска Железара, каде присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

„Она што Владата, Министерството и општините го ветуваат, заеднички работејќи го исполнуваат. Почнуваме со изградба на нови 30 спортски сали и уште 30 се во процес на реновирање“, рече министерката Јаневска.

Вкупната инвестиција во спортската сала во ОУ „Григор Прличев“ изнесува 39 милиони денари, а денес почнува со реализација првата фаза во вкупен износ од 20 милиони денари. Салата ќе ги има сите пропратни содржини со што учениците и младите ќе добијат современи услови за спорт и рекреација.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нелоски: Фирмата на татко ми што ја спомнува СДСМ не учествува на тендери

Објавено пред

Од

Шефот на кабинетот на премиерот, Владимир Нелоски, ги отфрла тврдењата на СДСМ дека фирмата на неговиот татко учествува во државни тендери. Тој најави тужба против партијата.

dobivaj vesti na viber

„Ја гледам онаа тирада на нечесни и валкани прес конференции на СДС партијата која е петта во градот Скопје и трета во државата. Тие изобилуваат со невистини, креирани информации и полу информации. Тие треба да го свртат вниманието од комплетното растројство и дезорентираност во просторот на раководството на СДС и Венко Филипче и тој пусти страв од одговорност која знаат дека ја имаат. Мојот татко е дел од спомената приватна фирма, која не учествува на државни тендери, ниту има добиено тендери. И на никаков начин не може да носи одлуки за државните пари. Како и секој човек, па и мојот татко кој цел живот работи чесно во приватниот сектор има право да работи, а впрочем истиот со трговија започнал да се занимава уште пред осамостојувањето на Македонија“, напиша Нелоски.

Тој вели дека колегите од СДС треба да знаат дека со невистини, лаги и манипулации не се добива довербата така се губи и целосно паѓа сликата за партијата која денес е потопена со криминал и корупција, со лични интереси и фракции

„И бидејќи сум чесен и искрен, а сметам дека тоа треба да е клучен принцип во политиката нека не поставуваат прашања од СДС туку нека ги изнесат информациите во потврдна форма за да поднесам соодветна тужбена постапка за клевета пред надлежните органи“, вели Нелоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

Мицкоски за утрешниот протест за минимална плата 600 евра: Секој има право да си протестира, во март законски ќе ја зголемиме

Во пресрет на утрешниот протест за минималната плата да се зголеми на 600 евра организиран од Сојузот на синдикати на...

Македонија58 минути

Хотели без дозволи, бесправни објекти на Галичица и недостаток на урбанистички планови: Ревизијата со забелешки за Охрид

Општината нема донесено урбанистички планови за 20 населени места, нема преземено мерки за отстранување на бесправно изградените објекти, особено во...

Македонија2 часа

(Видео) Поплави во Струмичко: реката однесе повеќе од 100 јагниња и овци од штала во Костурино, поплавени и земјоделски површини

Надојдената вода од реката Тркања вчера однесе повеќе 100 јагниња и овци во селото Костурино, на локацијата позната како „Шепово“....

Македонија2 часа

(Видео) Димитријевиќ: Во ВМРО секој функционер или негов роднина има фирма

Антикорупцискиот тим на СДСМ објави повеќе бомби, факти и докази за фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, фаворит за тендери во општините...

Македонија2 часа

Левица ќе гласа против новиот состав на Комисијата за заштита од дискриминација, обвинува за партизација

На утрешната пленарна седница, при гласањето за составот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, пратеничката група на Левица...

Македонија3 часа

(Видео) Камионџиите ја проширија блокадата на граничните премини, заострените шенгенски правила го блокираа товарниот сообраќај на Балканот

Возачите на камиони од  Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора денес продолжија со блокадите на граничните премини за...

Македонија3 часа

Просечната плата во здравството е 50.327 денари, од март ФЗОМ најави ново покачување

Просечната нето плата во здравството, според податоците на Државниот завод за статистика, во 2025 година изнесува 50.327 денари, просечната плата...

Македонија4 часа

Лани подигнати 22.000 кубни метри отпад од диви депонии, Комунална апелира поскоро да стапи во сила Законот за формирање на комунална полиција

Во текот на 2025 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнале и транспортирале вкупно 21995 кубни метри отпад од стотици...

Европа6 часа

Америка ѝ нуди на Украина гаранции и оружје, но бара многу болни отстапки кон Русите

Администрацијата на Доналд Трамп ѝ соопшти на Украина дека безбедносните гаранции на САД се условени од тоа Киев да се...

Свет6 часа

(Видео) Зимската бура ги парализираше САД, стотици илјади без струја, најмалку 30 мртви

Силна зимска бура што ги зафати Соединетите Американски Држави донесе нови снежни врнежи на североисток, додека југот е замрзнат, оставајќи...

Свет7 часа

Трамп: Иран сака договор

Доналд Трамп рече дека Иран сака да склучи договор, бидејќи американски носач на авиони и придружна борбена група пристигнаа на...

Свет7 часа

Британскиот премиер оди во Кина: „Нема да бирам меѓу две страни“

Премиерот Сер Кир Стармер изјави дека нема да биде принуден да „избира помеѓу“ својот однос со САД и со Кина,...

Европа8 часа

Францускиот парламент ја поддржа забраната за социјалните медиуми за лица под 15 години

Националното собрание на Франција во понеделник го поддржа законот со кој се забранува користењето на социјалните медиуми од страна на...

Регион8 часа

Црна Гора го затвори 13-то поглавје од преговорите со ЕУ

Црна Гора го затвори преговарачкото поглавје 32 – Финансиски надзор вчера, на Меѓувладината конференција меѓу Црна Гора и Европската Унија...

Македонија19 часа

Дрога чувана под шанк во кафеана: четири лица под истрага за илегална препродажба на марихуана и хашиш во Валандовско

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничен кој во временскиот период од октомври 2025 година...

Македонија22 часа

Во „Пулс“ влегол со билет за кој не добил фискална, никој не му побарал лична карта, а од стампедото го спасил обезбедувачот Столе, сведочеше Иван Данаилов

Дваесетипетгодишниот Иван Данаилов, гостин во „Пулс“ вечерта кога се случи пожарот, на денешното судење сведочеше дека во клубот влегол со...

Македонија23 часа

МВР ги објави казните за „Безбеден град“: што ќе се санкционира и колку ќе плаќаат возачите кои ќе направат прекршок

Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните...

Македонија23 часа

Николоски предлага три решенија за проблемот со шенгенските правила за превозниците

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на граничниот премин Блаце им даде поддршка на домашните транспортери, кои од денеска...

Македонија1 ден

Келнер, кој непријавен работел во „Пулс“, сведочи дека клубот имал само еден влез, имало малолетници, а пред пожарот со 63 жртви имало танчерки кои вртеле факели

Првиот сведок на Обвинителството, 20 – годишниот Кристијан Панов, на денешното судење за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа...

Македонија1 ден

Две монтажни катни гаражи добива Клиничкиот центар во Скопје, најави Орце Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска најави отпочнување на процесот за изградба на две монтажни катни гаражи во рамки...