Македонија
Младинскиот образовен форум: Не смее средношколците да бидат заморчиња за тестирање брзи решенија
Младинскиот образовен форум изразува загриженост за спроведувањето на годинешното квалификациско тестирање на средношколците, кое, вчера, 19.6.2019, беше најавено во три средни училишта. Квалификациското тестирање е наведено во конкурсот за упис во средните училишта во учебната 2018/2019, но за точниот термин учениците беа известени нецели два дена пред тестирањето.
„Ваквото тестирање ги става учениците во непријатна ситуација со тоа што им остава нецели два дена за подготовка за полагање два предмета за кои повеќе немаат учебници.
Сакаме да потенцираме неколку проблеми за ова квалификациско тестирање:
Иако тестирањето е наведено во конкурсот за упис во средните училишта, временската рамка за подготовка е многу тесна. Од моментот на објавата на првичната ранг-листа до изведувањето на тестирањето учениците имаат нецели два дена да се подготват за два теста. Тестирањето е навистина важно за идните средношколци од причина што овие резутлтати директно влијаат на нивното понатамошно образование.
Нефер и неразумно е што учениците повеќе немаат учебници за предметите за кои ќе бидат тестирани. Ова се случува од причина што државата им ги дава на бесплатно користење на учениците, а тие мора да се вратат во училиштата за да се земе сведителството за завршено деветто оделение, кое е потребно за упис во средно училиште. Иако предметниот материјал е поминат и усвоен од нивна страна, имањето учебници не смее да се става во прашање бидејќи на секој ученик му се потребни услови за подготовка за ова особено важно тестирање“, се вели во реакцијата.
Тие потенцираат дека со оваа новокреирана состојба и најавување на исклучително кус рок, учениците се ставаат во неизвесна и непозната ситуација, која може и мора да биде планирана и превенирана од страна на надлежните институции. Ова е дополнителен стрес на оној што веќе го имаат при преминот од една во друга фаза на образование.
„Повеќе од неповолна ситуација е и полагањето тестови од два предмета во еден ден, што не е случај во редовното тестирање во училишта како во основното така и средното образование, дури ни при полагањето испити во високото образование. Додека Министерството не најде соодветен модус за превенирање на овие ситуации во иднина, мора да се остави простор за отворање поголем број паралелки во оние училишта каде што се јавува потреба за нив. Колку за илустрација, тестирањето во некои од училиштата е најавено само поради не повеќе од 30 ученици за кои нема место во постојните паралелки. Потенцираме дека и понатаму остануваат места во стручните училишта, кои ниту оваа година Министерството за образование не успеа доволно да ги промовира и популаризира помеѓу идните средношколци. Еден од приориртетите на Министерството мора да биде изедначување на квалитетот во сите училишта, што директно ќе влијае на нивната привлечност за следните средношколци. Алармираме да се работи на решавање на овој проблем, а Министерството за образование да внимава на идно креирање вакви непромислени ситуации во кои единствено учениците трпат штета. Не смее од средношколците да се прават заморчиња преку воведување вакви брзи и непромислени решенија“, се вели во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

