Црна хроника
Се судрија „голф“ и мотор, повредено 20-годишно момче од Скопје

20-годишно момче од Скопје е повредено во сообраќајна несреќа. Како што информира полицијата, вчера во 17.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот Јане Сандански се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А. А. (36) од Скопје, и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од К. М. (20) од Скопје.
Тешки телесни повреди добил мотоциклистот, кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсено лице барано со потерница

Денеска во 09:45 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка во содејство со полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода 30-годишниот С.Р..
Лицето било барано со централна потерница од Основен суд Скопје за издржување на казна затвор во времетраење од пет години по чл.130 од Кривичниот законик.
Црна хроника
Уапсен државјанин на Босна и Херцеговина: платил патарина со фалсификувана банкнота од 10 евра

Вчера во 16:50 часот на патарина „Петровец“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода М.А.(28) од Босна и Херцеговина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 268 од Кривичниот законик.
Имено, тој на патарината поминал со товарно возило со босански национални ознаки и притоа платил со банкнота од 10 евра за која вработениот се посомневал дека е фалсификувана.
Банкнотата е одземена за понатамошна постапка. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Тројца охриѓани приведени поради нарушување на јавниот ред и мир под дејство на алкохол

Полициските службеници од СВР Охрид во текот на 14 и 15 октомври привеле неколку лица поради нарушување на јавниот ред и мир и агресивно однесување.
На булеварот „Македонски просветители“ е приведен 53-годишен охриѓанец кој се однесувал агресивно и лажно пријавил дека бил физички нападнат. Кај него биле измерени 1,51 промили алкохол.
На улица „Партизанска“ полицијата привела 42-годишен маж кој прво правел неред во продавница, а потоа физички се спротивставил на обезбедувањето. Алкотестот покажал 3,52 промили.
Во селото Лескоец се приведени двајца лица, на возраст од 34 и 46 години, поради меѓусебна физичка пресметка пред продавница. Кај нив биле утврдени 2,30 и 2,46 промили алкохол.
Против сите лица ќе бидат поднесени соодветни пријави по целосно документирање на случаите.