Црна хроника
15-годишно момче тешко повредено по пад од мотор
15-годишно момче е тешко повреднео по пад од мотор во Гостивар. Како што информира полицијата, во 2.45 часот било пријавено дека во Гостивар на улицата Илинденска, 15-годишно момче од селото Вруток, Гостиварско, управувајќи мопед „лонјија“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубило контрола и паднало на коловозот.
Притоа добило тешки телесни повреди и било пренесено во Медицинскиот центар во Гостивар за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсена 24-годишна девојка во Тетово, возела пијана и предизвикала сообраќајна незгода
Полицијата уапси 24-годишна девојка во Тетово, возела пијана и предизвикала сообраќајна незгода.
Вчера во 10:30 часот, полициски службеници ја уапсија Џ.А.(24) од с.Ново Село, општина Боговиње. Претходно, таа со нејзиното патничко возило ,,фолксваген туран“ со тетовски регистарски таблички, кое го управувала, удрила во паркирано возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски таблици, паркирано од В.У.(23) од Тетово.
При преземање мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против неa ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Две момчиња на возраст од 21 и 16 години се шетале со пиштол и куршуми, уапсени се во Јурумлери
Полицијата пронајде пиштол во возило во Јурумлери и уапси две лица од кои едниот е малолетник.
Денеска околу 08:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вршејќи мотопатролна дејност на ул. „1“ во село Јурумлери, сопреле патничко моторно возило „Сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(21), во кое како сопатник се превезувал 16-годишен малолетник , двајцата од Скопје.
При извршените проверки, во возилото бил пронајден пиштол „Екол“ и рамка со шест куршуми.
Лицата се лишени од слобода. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсена 24-годишна девојка во Тетовско: возела пијана и предизвикала сообраќајна незгода
Вчера во 10:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ја лишија од слобода 24-годишната Џ.А. од селото Ново Село, општина Боговиње.
Претходно, таа со нејзиното патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски таблички, кое го управувала, удрила во паркирано возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски таблици, паркирано од В.У.(23) од Тетово. При преземање мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против неa ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

