Македонија
Царовска: Со пензиската реформа се стабилизира системот, постигнавме заштеда од 4 милијарди денари во Фондот
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, присуствуваше на 11. регионална средба на директорите од пензиските фондови и заводи од поранешна Југославија, Албанија и Австрија, која се одржува во Охрид. На конференцијата се разменуваат искуства поврзани со спроведувањето на пензиските реформи во регионот и се договараат идните чекори за соработка меѓу фондовите.
„Со пензиската реформа дадовме сите по малку, и помладите и повозрасните, и направивме заштеда од 4 милијарди денари во фондот за ПИО, со што го стабилизираме системот и обезбедивме сигурна и континуирана исплата на пензиите. По реформата, исплативме пензија без заем. Исто така, со закон предвидовме двапати во годината усогласување на пензиите и трето зголемување, кое ќе се прави ако имаме економски раст над 4 проценти. Ова ќе значи дека повеќе нема да се прави ад хок зголемување, туку усогласувањето ќе се прави според законската рамка”“, истакна Царовска.
Просечната пензија во Република Северна Македонија порасна од 13.754 денари во декември 2016 на 14.580 денари во март годинава. Пензиите редовоно се исплаќаат и продолжуваат да растат. Со пензиската реформа МТСП го стабилизира системот и обезбедува праведност за двете групи корисници, сегашните и идните пензионери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

