Свет
Киргистанскиот парламент му го одзеде имунитетот на поранешниот претседател

Парламентот на Киргистан ја поддржа регулативата на парламентарната комисија за одземање на имунитетот на поранешниот претседател на земјата, Алмазбек Атамбајев, изјави за ТАСС извор од парламентот.
„Пратениците ја поддржаа одлуката на специјалната комисија дека поранешниот претседател Атамбајев да биде лишен од имунитет“, рече изворот додавајќи дека 95 од 100 пратеници присутни на седницата гласале „за“, а петмина гласале „против“.
Сепак, според изворот, Атамбајев нема веднаш да биде лишен од имунитетот.
„Според законот, процесот ќе биде завршен дури кога канцеларијата на јавниот обвинител ќе даде позитивна оценка за ова прашање и пратениците ќе го одобруваат по што ќе има уште едно гласање“, истакна изворот.
Комисија за одземање на имунитетот на поранешниот претседател формирана на 13 јуни вклучува членови на сите шест парламентарни фракции. Членовите на парламентот треба да го завршат процесот во рок од три месеци, во спротивно обвинувањата ќе се сметаат за повлечени.
Атамбајев е осомничен дека е вмешан во корупциски шеми поврзани со реконструкцијата на термоцентралата „Бишкек“ и Историскиот музеј, за незаконско ослободување на криминалниот шеф Азиз Батукаев, за нелегални испораки на јаглен во термоцентралите во „Бишкек“, како и за пренамена на парцели во регионот Исик-Кул и за незаконско добивање парцела за изградба на станбена куќа во населбата Кои-Таш во регионот Чуј.
Атамбајев беше претседател на Киргистан од 2011 до 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Заради исклучен доток на гориво во моторите се урнал авионот на „Ер Индија“

Прелиминарниот извештај за несреќата на авионот на компанијата „Ер Индија“, во која минатиот месец загинаа 260 лица, покажа дека три секунди по полетувањето, прекинувачите за гориво на моторите се префрлиле од позиција „вклучено“ во позиција „исклучено“, лишувајќи ги моторите од гориво.
Авионот „Боинг 787- Дримлајнер“ веднаш почнал да губи висина, покажува извештајот објавен од индиските истражители на воздухопловни несреќи.
На снимката од пилотската кабина, може да се слушне како еден од пилотите го прашува другиот зошто го исклучил горивото. Вториот пилот одговорил дека не го сторил тоа, се наведува во извештајот. Не е наведено кој го упатил повикот за помош непосредно пред несреќата, пилотот или копилотот.
И двајцата пилоти биле искусни, со вкупно околу 19.000 часа лет, вклучувајќи повеќе од 9.000 часа во „Боинг 787“.
Префрлањето на прекинувачот во позиција „исклучено“ ги запира моторите речиси веднаш.
Свет
Зеленски: Продолжуваат испораките на оружје од САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека добил ветување дека Украина ќе добие нови испораки на оружје од САД и европските сојузници, јави ДПА.
-Според сите извештаи, суспендираните испораки на оружје се обновени, рече Зеленски.
ДПА пренесува дека разговорите за продолжување на воената поддршка се планирани за следната недела, меѓу другите, и со американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог.
-Исто така, подготвуваме нови европски пакети за оружје, рече Зеленски, потенцирајќи дека, исто така, очекува „силни чекори во врска со новите санкции против Русија“.
САД минатата недела накратко воведоа делумно запирање на испораките на оружје што веќе беа ветени.
Регион
Вучиќ: Полицајците не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со законот и со минимална употреба на сила.
„Тие полицајци…не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот и да ги напаѓаат со стапови“, изјави Вучиќ.
Вучиќ истакна во интервју за белградски медиуми, дека студентите во блокада на 15 март не дале „зелено светло“ затоа што некои во државата требало да ја завршат својата работа, а на 28 јуни го направиле тоа „преценувајќи се себеси и потценувајќи ги другите“.
Тие луѓе мислат дека е нормално да му се одземе на некого уставно загарантираното право на движење, тие не се заинтересирани за ништо, тие го прогласиле за легално и не им е гајле, рече Вучиќ.
„Загрижен сум за државата, но што се однесува до партиските, посебни интереси – одлично, можеби до Нова Година, можеби ќе ги изненадам, а потоа ќе распишам избори“, додаде Вучиќ.