Македонија
Дипломатскиот кор на филџан кафе и чај во Скопската чаршија
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со заменик – градоначалникот на град Скопје, Енвер Малиќи, во рамки на кампањата на Секретаријатот за европски прашања, за промовирање на европските вредности – „Заедно кон Ѕвездите“, денеска ја предводеа турата „Скопје на мапата на Европа“, на која присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, како и други гости.

„Дозволете да потсетам дека Северна Македонија го доби најпозитивниот извештај од страна на Европската Комисија досега, кој беше целосно прифатен и од страна на Европскиот совет, без никакви додадени услови и нови бенч-маркови, и затоа, јас сум уверен дека во соодветната временска рамка – октомври оваа година, Советот ќе ја потврди одлуката од минатата година, и ќе ги започнеме преговорите за полноправно членство во Европската Унија“, посочи Османи.
„И денешниов настан е токму во оваа насока, да им го покажеме Скопје на нашите пријатели од Европската Унија, не само како политички центар кој во иднина ќе биде дел од Метрополите на Европската Унија, туку и како туристички центар, град со исклучително богата историја, кој во вистинска смисла на Унијата ќе ѝ донесе цивилизациска и историска вредност“, истакна Османи, посочувајќи на Старата скопска чаршија, како симбол за разноликоста на целата земја, за нејзиниот мултиетнички и мултиконфесионален карактер, вистинска гордост на Скопјани и на сите граѓани.

„За разлика од традиционалниот, модерниот туризам е непрекината потрага по нови, интересни и оригинални, приказни. Нашата земја можеби е мала, но речиси сите што дошле во неа, си заминале со приказни чија големина не може да се измери, туку единствено може да се доживее, и потоа да се прераскаже. Таква знаменитост е скопската чаршија, но и други локалитети од различни историски периоди и култури, кои во Скопје ги има многу “- нагласи Заменик градоначалникот на град Скопје, Енвер Малиќи, притоа посочувајќи дека туризмот учествува со 10 проценти во глобалниот бруто домашен производ, а со пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија, земјата уште повеќе ќе ги претстави своите огромни потенцијали во овој сектор.

Туристичката тура започна пред МК-ЕУ Инфо Центарот на СЕП на градскиот плоштад, и продолжи во Стара скопска чаршија каде професионален туристички водич им ги презентираше позначајните локации и знаменитости на градот: Камениот Мост, плоштадот „Мајка Тереза“, паркот „Ибни Пајко“, Даутпашиниот амам, црквата „Св. Димитрија“, плоштадот „Скендер-бег“, Чифте Амам, Сули ан и џамијата Ќосе Кадиа, а прошетката заврши со традиционално турско кафе и чај во локалите на чаршијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од село Долно Соње, од продавнивницата кон село Чифлик, општина Сопиште.
Македонија
Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан
Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан, извести АМСМ.
Поради протест на грчките земјоделци, од денес (08.01.2026) со почеток во 10:00 часот на ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила во наредните 48 часа заклучно со 10.01.2026 во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по влажни коловози.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Продор на постуден воздух, температурите ќе бидат во опаѓање
Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурата ќе биде во опаѓање.

