Култура
Со предавања на гостите од Хрватска и Бугарија завршува првиот дел на фестивалот КРИК

Првиот дел на годинашното четврто издание на КРИК – фестивал за критичка култура завршува вечерва во 19,30 часот во Чифте амам, со предавањата на Лина Гонан, филозоф и активистка од Загреб и на Станимир Панајотов, од Бугарија, кој се занимава со компаративни родови студии.
Во предавањето на Гонан насловено „Геј нормалност и антиинклузивистичката квир мисла“ ќе биде изложен концептот на геј нормалноста која ја изнел германскиот теоретичар Петер Друкер, како и избор од теоријата на современата анти-инклузивистичка/антиасимилациска квир теорија. Ќе наведе, зошто според неа популарните квир социјални политики не се одржливи. И како афирмацијата на маргиналните позиции, како што се: теоријата на квир социјалната репродукција, теоријата на родниот нихилизам и трансфеминизмот во денешно време претставуваат предизвик во квир движењето.
Станимир Панајотов во своето предавање „Резервна армија на смртта“ ќе говори за поимот „резервна армија на смртта“, засновајќи ја својата теза врз тековната литература за некрополтиките (Мбембе, Грижиниќ) и врз теоријата за „резервната работничка армија“ на Маркс и Енгелс. Резервната армија на смртта ја дефинира како фигура на целосно остварување на капиталистичката утопија: крајно ослободување на капиталот од работничката сила. Сепак, според него, ова ослободување не треба да кулминира во конкретен утописки хуманизам на релаксација и брагосостојба/ (welfareism). Напротив, Панајотов смета дека премостувањето на капиталот од дијалектичките граници на резервната армија на трудот станува предвесник на смртта. Производството веќе не е врзано за политичкиот поим на животот и субјективитетот, кои се самите сведени на суверенот.
Во рамки на првиот дел од годинашното издание на КРИК – фестивал за критичка култура, кој годинава е на тема „Човек без својства – политики на маргините“, се одржаа пет предавања, семинар, како и програмата „Критичко читање низ филмови“. Продолжението на фестивалот ќе се одржи во втората половина на годината.
„Особено ни е важно прераснувањето на КРИК во платформа и форум за критичка култура во постојан разговор и конфронтација со сите можни алтернативи на промислување на општеството, политичкото и културата, низ агонот со нормираното, зададеното и воспоставеното“, велат програмските уредници на фестивалот, Искра Гешоска и Артан Садику.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Јовановиќ: Прикажавме силно авангардни и ангажирани филмови на унгарската филмска вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид

Во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“ викендов во копродукција со МФФ Киненова беа прикажани унгарските филмови „Три илјади изброени парчиња“ и „Без здив“.
Кинo-проекциите се одржаа во Центарот за култура „Григор Прличев“, а беа дел од Унгарската вечер на фестивалот, која беше поддржана од Унгарската амбасада и Општина Охрид.
– Силно авангардниот и ангажиран филмт „Три илјади изброени парчиња“ во режија на Адам Чаши ја отвори филмската вечер, а продолжи со филмот „Без здив“ во режија на Каталин Молдовај.Настанот привлече бројна публика, а филмот „Три илјади изброени парчиња“ кој е силно ангажиран и авангарден филм сметам дека предизвика силни импресии кај присутите со темата за дискринимација на одредени малцинства во европските општества, вели Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова.
Култура
Почина актерот Теренс Стамп, познат по улогата на негативец во филмот за Супермен

Теренс Стамп, британсски актер кој имаше кариера долга шест децении во филмот, почина на 88-годишна возраст, јавува Би-Би-Си.
Стамп, кој беше номиниран за Оскар, глумеше во бројни филмови, а исто така ја играше и улогата на главниот негативец, генерал Зод, во филмовите за Супермен.
Стамп починал утрово, соопшти неговото семејство.
„Зад себе остави извонреден опус, како актер, така и како писател, кој ќе продолжи да ги допира луѓето во годините што доаѓаат,“ изјавија тие.
Култура
Од Венеција до Торонто: ‘Силјан’ на Тамара Котевска ја освојува светската сцена

Долгометражниот документарен филм на Тамара Котевска почнува да се движи по ѕвездена траекторија: по светската премиера на Венеција, својата Американска премиера ќе ја има во официјална селекција на интернационалниот фестивал во Торонто, соопшти Агенцијата за филм.
По историскиот успех на „Медена земја“ – со три награди на „Санденс“ и две номинации за Оскар – и интернационалниот успех на документарецот „Пaтување пеш“ (The Walk), македонската режисерка се враќа на голема врата.
Нејзиниот нов филм „Силјан“ (The Tale of Silyan) ја доби честа да ја има својата светска премиера на престижниот Филмски фестивал во Венеција 2025, а веднаш од таму патува на американската премиера во Торонто, на А категорија фестивал, во официјална натпреварувачка селекција.
Котевска е и режисерка и продуцентка на филмот, кој е реализиран во копродукција со американската компанија Concordia и британската The Cornershop, како и со продуцентите Жан Дакар и Јорданчо Петковски, со кого Котевска го сними својот прв долгометражен филм „Човек против јато“.
Со ова, како што додава Агенцијата, македонската кинематографија уште еднаш гордо чекори на светската филмска мапа.