Македонија
,,Бомба” за Курто Дудуш, СДСМ го осуди насилството

Очекуваме сите надлежни институции да постапат, да го расчистат случајот и да ја информираат јавноста, е ставот на СДСМ во врска со објавената снимка во медиумите за наводна поврзаност со градоначалникот на Општина Шуто Оризари.
Според партијата, моралните аспекти и личната совест, како и човечкиот интегритет се вредности кои подразбираат и одговорно однесување и делување. ,,Одговорност мора да има, законите важат за сите подеднакво”, соопшти СДСМ.
Во јавноста вчера беше пласирана аудио снимка за која, медиумот што ја објави тврди дека се слуша гласот на градоначалникот на скопската општина, Шуто Оризари, Курто Дудуш како наводно затвора едно лице во канцеларија и го тепа.
Градоначалникот Дудуш најави пријава поради објавената аудио-снимка за интернет порталот „Лидер“. Тој во изјава за дел од медиумите демнатирал дека такво нешто се случило, и вели дека станува збор за монтирана снимка што ќе се користи во политичката хајка против него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кога културното наследство ќе стане бизнис план, тоа веќе не е култура, туку пазар, велат од СДСМ

Министерот за култура, Зоран Љутков, сериозно предложи културното наследство да му се препушти на бизнис секторот. Вредностите што ја раскажуваат нашата историја, кои ја обликуваат нашата колективна меморија и идентитет, да се третираат како деловна зделка. Како имот за експлоатација. Како недвижност, не како духовна вредност, велат од СДСМ.
Според нив, ова не е незнаење. Тоа е опасна идеологија и не смее да помине тивко.
„Културното наследство не е хотел. Не е трговски центар. Не е парче земја за инвестиции. Тоа е ткивото од кое сме составени како народ, како заедница, како држава. Не се мери со профит, туку со значење.
Ако му го препуштиме на пазарот – ќе го изгубиме. Зградите ќе останат, ама ќе нема кој да ја раскаже приказната. Ќе имаме споменици без смисла, и туристички рути без душа.
Господине Љутков, културното наследство не се „оправува“ со ППП(Public-Private Partnership) или со приватен партнер. Се чува со љубов, со знаење, со стручност и со јасна визија“.
Културното наследство, како што додаваат од опозициската партија, не е само трага од минатото, тоа е жива врска што нè поврзува со корените, идентитетот и колективната свест.
„Да го зачуваш значи да ја зачуваш душата на еден народ, неговото право да се памети и да постои.
Ние имаме обврска културното наследство да го одржуваме негуваме и да им го предадеме на идните генерации. А ако не го разбирате тоа – време е да си заминете.
Македонија
Вработените во културата ќе ги добијат платите со потребното зголемување во првите два дена од следната недела, најави министерството

Министерството за култура и туризам информира дека вработените во институциите од областа на културата ќе ги добијат своите плати со потребното зголемување во првите два работни дена следната недела, согласно со Закон и Колективниот договор.
Причините за доцнењето, според соопштението е заради усогласување на пресметките за плати со Министерството за финанасии.
Претходно денеска Синдикатот реагираше дека се оставени без плата за големиот христијански празник.
Македонија
(Видео) Костова: За Владата може да има папаја и луксузи, за работникот трошки на софрата

Празниците треба да се денови на спокој, меѓусебна поддршка и грижа. Но со актуелната власт на ДПМНЕ работниците немаат спокој ниту на празник, истакна на денешната прес-конференција Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.
„Во овие празнични денови, на Велигден, Владата ги остави без плата културните работници, вработените во Центрите за социјална работа, работниците во Државниот трудов инспекторат, Државниот пазарен инспекторат, во Министерство за економија.
Овие граѓани празникот ќе го дочекаа во неизвесност и разочараност, без можност да си ги подмират основните потреби. ДПМНЕ грубо и без грам совест го крши законот за исплата на плати на сите вработени до 15 во тековниот месец за претходниот месец. Или за Владата на Мицкоски не важат законите или воопшто не им е грижа за работниците“, вели Костова.
Вистинското лице на Владата на ДПМНЕ, според неа, е тотална незаинтересирност за граѓаните.
Додава дека платата не е награда, таа е основно загарантирано законско право на секој работник.
„До таму дојдовме да во Македонија веќе не се зборува за економски развој, туку дали власта може да ја исполни законската обврска – исплата на заработената плата.
За Владата може да има папаја, манго и луксузи- за работникот трошки на софрата. Ова е врв на неодговорност и неспособност.
Вработните во јавниот сектор заслужуваат да ја знаат вистината- зошто не им е исплатена платата и кој ќе сноси одговорност за тоа“, праша Костова.
Како што оценува, за овие 10 месеци животот на работниците се претворил во преживување од месец во месец. Животниот стандард, додава таа е на дното, цените и сметките континуирано растат.
Нагласи дека македонскиот работник е со најниски плати во регионот, а власта го одби секое барање за покачување на платите.
„Ова е сликата на “новото нормално” – луксуз за власта, празни џебови за сите други“.
Барамат итна исплата на платите на вработените во јавниот сектор.