Македонија
Димовски: Немам купено ниту еден квадрат државно земјиште, СДСМ лаже
,,Болшевичкиот клер во македонската политика, предводен од аболираниот за криминал премиер Зоран Заев, човекот кој цела Македонија го виде како бара мито од едно евро за брат му, евро за црквата, треба да се засрами во ширењето на лаги, дезинформации и клевети.
Тоа што илјади пати ќе повторат една лага, тоа не значи дека ќе стане вистина. А вистината која толку многу често ја манипулираат е следна: Димитар Димовски нема купено ниту еден квадрат државно земјиште, како што отворено лаже СДСМ. Димитар Димовски поседува земјоделско земјиште кое не е до градот Берово, и истото се наоѓа на планината Огражден на надморска висина од 1500 м купено од друго приватно лице, каде сега има насади со ореви”, се вели во писмената изјава на Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Што се однесува до темата хидроцентрали, Димитар Димовски вели дека поседува едноцифрен удел во компанијата која поседува хидроцентрала, а целокупната постапка за добивање на концесија и нејзината изградба е преку целосно следење на процедурите пропишани со законските и подзаконските акти. Впрочем ако имаше било какво отстапување, досега ќе имаше правосилни пресуди познавајќи ги нивните тесни релации со политизираното судство.
,,Што се однесува до темата СЈО, причината зошто јавноста е против ваквото нефункционално СЈО треба да ја бараат во своите редови, затоа што на Македонија не и треба партиска испостава која ќе произведува неправда која е политички сугерирана, туку вистинска правда достапна за сите институција, која ќе го гони вистинскиот криминал. А такво обвинителство Македонија ќе има. Очекуваме СДСМ јавно да се извини поради ваквите дрски лаги, манипулации и злоупотреба на вистината. Ваквите нервозни соопштенија и ширењето на лажни вести не го намалува скандалот на пуленот на Зоран Заев, Курто Дудуш, кој измачуваше, тепаше и навредуваше човек во градоначалничката канцеларија.Кој и да излезе на прес конференција и да ја говори вистината ќе се најде на метата на СДСМ, но тоа нема да не спречи да ја говориме вистината. А вистината е дека партијата предводена од аболиран за криминал човек, сега застанува во одбрана на уште еден градоначалник насилник, само затоа што е пулен на лидерот Зоран Заев”, се додава во писмената изјава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

