Регион
За спиење на улица на Хвар казната изнесува 400 евра, а за пиење – 700 евра
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/kazni.jpeg)
Одлуката на Градот Хвар да се обиде со брутално казнување да се запре проблематичното однесување на дел од гостите беше главна тема во последните години.
Фактот дека некои од гостите пијат, спијат и несоодветно се однесуваат на улиците, градските власти одлучија да го решат со воведување високи казни.
Така е и оваа година, пишува „Далмација денес“.
За спиење на јавен површина, ќе бидете казнети од комуналните службеници со 400 евра.
„Спиењето на јавна површина ќе ве чини повеќе од цената што ја плаќате во вашето сместување“, пишува на таблите.
„Главниот градски плоштад не е место за пикник“, вели друго известување, на кое се пречкртани луѓето што пијат. Казната е 400 евра.
„Алкохол? Не на јавни површини“, вели третиот плакат. Казната за пиење алкохол во јавност е 700 евра.
Текстот продолжува под рекламата:
„Градот е културен центар, а не плажа“, се вели во соопштението во кое се нагласува фактот дека е забрането да се оди во градот во костими за капење. Од своите гости велат дека очекуваат да бидат соодветно облечени. Инаку, ќе платат казна од 500 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Обвинителството во БиХ: Мајката и детето, најверојатно, се убиени со задушување, се чека обдукција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/b_250213022.jpg)
Како што соопштија од Обвинителството на кантонот Тузла, дежурниот обвинител и истражителите од секторот за криминалистичка полиција при МВР на кантонот Тузла синоќа извршиле увид на самото место во семеен стан во Калесија, каде што во вечерните часови биле пронајдени две безживотни тела, 37-годишна жена и нејзиниот 13-годишен син.
Осомничениот за двојното убиство моментно е во бегство и по него се трага.
„Најверојатно жената и синот се убиени со задушување. Денеска, ќе биде издадена наредба за обдукција на телата на починатите за да се утврдат точните причини за смртта. Во тек се сите потребни истражни дејства, кои по наредба на Обвинителството ги спроведуваат истражителите за утврдување на сите околности поврзани со двојното убиство“, соопшти Обвинителството, пренесе „Кликс“.
Регион
Хрватскиот инспекторат повлекува лак за нокти произведен во Полска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/a4f595d9-40c9-4dd3-af1d-302770756963.jpg)
Државниот инспекторат во Хрватска ги советува потрошувачите да престанат да го користат лакот за нокти Babe Rich, пренесуваат хрватските медиуми.
Лакот произведен во Полска, според Инспекторатот, претставува хемиски ризик бидејќи содржи забранети материи.
Дистрибутер во Хрватска е „Рич компани“ ДОО од Загреб, а Инспекторатот забранил пуштање на производот во промет и наредил уништување на производот.
Регион
Познат идентитетот на убиените во БиХ: полицијата насилно влегла во станот каде што ги пронашла телата на мајката и детето
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/82946d10-106a-4c79-b07e-0db0d396f511.jpg)
Маж во текот на ноќта ги убил сопругата и 13-годишниот син во Калесија, Босна и Херцеговина, а полицијата трага по него, потврди за Кликс.ба Адмир Арнаутовиќ, портпарол на кантоналното обвинителство во Тузла.
„Кликс“ објави дека убиената е Инела Селимовиќ, која на последните локални избори беше кандидат на партијата Народ и правда (НиП) за Советот на општина Калесија.
„Кликс“ исто така пишува дека осомничен за двојното убиство е Емир Селимовиќ.
Додаваат дека мажот работи како доставувач во супермаркетот во зградата во која живеело семејството.
Не е познато дали е вооружен.
Според неофицијални информации, се сомнева дека Селимовиќ ги убил сопругата и детето со задушување.
„Синоќа, полициски службеници од Управата на полицијата на кантонот Тузла, ПС Калесија, по пријава и одобрение од кантоналниот обвинител и судијата на Општинскиот суд, насилно влегле во стан во Калесија, каде пронашле безживотни тела на жена и дете“, изјави Аднана Спречиќ, портпаролка на полицијата во кантонот Тузла.