Македонија
Османи: Унгарија останува наш силен сојузник внатре во Европската Унија
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денес оствари средба со Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој престојува во работна посета во земјава.
„Унгарија е предводник на групата земји – членки на Европската Унија, кои, експлицитно, преку декларација, побараа забрзување на процесот на европско интегрирање на земјава, и отворање на преговорите – веднаш “, истакна Османи, додавајќи дека покрај декларативната поддршка, која е секако многу важна, Република
Унгарија обезбедува и билатерална поддршка за земјава, како важен елемент во зацврстувањето на капацитетите на преговарачката структура, и конкретно за зајакнување на капацитетите на Секретаријатот за европски прашања кој е клучна институција во процесот на европски интеграции.
На средбата беа отворени темите поврзани со содржината на Извештајот на Европската комисија за земјава и заклучоците на Европскиот совет, во кои се потврди содржината на Извештајот, како и аспектите и предизвиците за европски интеграции на земјава во претстојниот период и унапредувањето на билатералната соработка меѓу двете земји.
На крајот од средбата, Османи и Сијарто се согласија дека билатералната поддршка ќе биде интензивирана во периодот кој претстои, и изразија искрени очекувања дека, во соодветната временска рамка – октомври оваа година, Советот ќе ја потврди одлуката од минатата година, и Северна Македонија ќе ги започне преговорите за полноправно членство во Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

