Свет
15 лица загинаа во стампедо на Мадагаскар, газеле еден врз друг за да влезат на концерт

Најмалку 15 лица загинаа, а над 80 се повредени во стампедо до кое дошло пред почетокот на концерт на стадионот „Махамасина“ во главниот град на Мадагаскар, Антананарива.
Неколку минути пред да излезе на сцената пејачот Роси, луѓето што не успеале да влезат поитале кон вратите газејќи едни врз други предизвикувајќи фатален епилог.
Луѓето наводно слушнале дека може да влезат на концертот, а бидејќи полицијата не ги отворала вратите, се обиделе на сила да влезат. Иако вратите биле затворени, топлата притискала да се отвори, луѓето паѓале при турканиците, а другите зад нив почнале да газат по нив, изјави началникот на полицијата, генералот Ричард Раваломанана.
Директорот на болницата, Оливат Ракото, соопшти дека многумина од повредените се во критична состојба и дека бројот на жртвите, најверојатно, ќе се зголеми.
Концертот се одржувал по повод прославата на 59-годишнината на независноста на Мадагаскар, а на истиот стадион се одржала и воена парада на која присуствувал претседателот на државата Ендри Рајоелина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.
Свет
Убиецот на Кирк би можел да биде осуден на смрт со стрелање

Властите на Јута ќе бараат смртна казна за 22-годишниот Тајлер Робинсон кој се сомничи за убиството на соработникот на Доналд Трамп, политичкиот активист, Чарли Кирк. Јута е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуција со стрелање.
Можноста за барање најстрога казна претходно ја објави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, кој изјави дека смртната казна е опција.
Јута, државата каде што се случи пукањето, е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуции со стрелање.