Црна хроника
Тетовец со воздушна пушка стрелал во деца што му правеле врева пред зградата
Тетовската полиција приведе 76-годишен маж по претходно добиена пријава дека тој пукал кон деца собрани пред зградата во која живее.
Како што информираат од МВР, на 26 јуни, околу 22 часот, од балкон на зграда на тетовската улица Железничка, 76-годишникот со воздушна пушка стрелал кон малолетниците.
Притоа погодил еден малолетник кој добил повреди по што би пренесен во Клиничката болница во Тетово.
Тетовецот истакнал дека делото го сторил поради вревата што ја правеле децата пред зградата. За случајот известен е јавен обвинител и се работи на целосно расчистување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.
Црна хроника
Малолетник извршил обљуба врз малолетно девојче во Скопје
Малолетник извршил обљуба врз малолетно девојче во Скопје, случајот го пријавлиа нејзината мајка.
Имено вчера (23.11.2025) во 16:30 часот во СВР Скопје, 44-годишна жена од Скопје пријавила дека на 04.10.2025 во Скопје, малолетник извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

