Забава
Ни Кајли Џенер не одолеа на најжешкиот тренд на сезоната

Оваа сезона во тренд е покажувањето на танга-гаќичките во панталони, фустани и здолништа. Ким Кардашјан, Хајли Бибер и Бела Хадид беа меѓу првите што го пробаа овој секси тренд, на кој не можеше да му одолее уште еден член на кланот Кардашјан-Џенер, Кајли.
Таа на својот инстаграм-профил, кој го следат речиси 140 милиони луѓе, позира во зелена долна облека и тесни фармерки, од кои ѕиркаше тангата.
Како една од највлијателните инфлуенсерки во светот, Кајли сигурно им даде на своите следбеници секси идеја како да ја креираат оваа фотографија на свој начин.
Дури осум милиони луѓе ставија „лајк“ на фотографијата на Кајли за еден ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Жена што работеше со Лајвли ја обвини актерката: „Таа сакаше да го искористи Балдони“

Талија Спенсер, член на екипата на филмот It Ends With Us, поради кој почна целата драма помеѓу Џастин Балдони и Блејк Лајвли, ја коментира нивната врска за време на снимањето.
Спенсер застана на страната на Балдони во шоуто „60 минути Австралија“, а таа немаше многу убави зборови за Лајвли. Таа, всушност, рече дека актерката сакала да го искористи Балдони за да ја преземе контролата врз филмот.
„Мислам дека Блејк ја намириса неговата добрина и ја помеша со слабост“, истакна таа.
Таа за Балдони рече дека тој бил еден од ретките режисери со кои соработувала, кој бил љубезен и пристоен. Таа нагласи дека ѝ е жал што филмот го одбележал конфликтот меѓу Џастин и Блејк и дека се надева оти вистината ќе биде откриена.
„Треба да се докаже невиноста на оние што не се виновни“, заклучи таа.
Да потсетиме дека претходно друг актер од филмот се сврте против Лајвли. Адам Мондшајн, кој го глумеше доктор Данбар, се осврна на нејзините тврдења дека неговиот пристап за време на снимањето на сцената на пораѓање бил „инвазивен и понижувачки“.
„Мислам дека е непотребно да се каже оти моето искуство со работа со неа значително се разликуваше од она што таа го опиша во својата тужба. Всушност, бев изненаден од нејзиниот опис на сцената. Никогаш не се пожали, ниту рече дека ѝ е непријатно бидејќи ништо необично или несоодветно не се случило. Сѐ беше целосно професионално“, изјави тој за „Дејли мејл“.
Забава
(Видео) Вилијам Леви проговори по апсењето: „Се обидував да останам смирен цело време“

Кубанско-американскиот актер Вилијам Леви, кој е познат по улогите на заводник од сапуниците, минатиот викенд беше уапсен во Форт Лодердејл, Флорида.
44-годишникот беше уапсен бидејќи бил пијан на јавно место и упаднал во нечиј приватен имот. Според евиденцијата за апсење до која дошле локалните вести, тој бил „многу алкохолизиран и предизвикувал вознемиреност во ресторанот“, а менаџерот му рекол да не се враќа.
Во вторникот попладне Леви се појави на суд, каде што судијата му одреди кауција од 500 долари. Истата вечер тој беше ослободен од затвор. Се обиде да ги избегне новинарите, но безуспешно. Леви потоа ја раскажа својата верзија на приказната.
View this post on Instagram
Тој објасни дека се обидел да ја прекине расправијата, но дека на крајот завршил со лисици. Негира дека ја нападнал вработената во ресторанот.
„Цело време се трудев да останам смирен. На крајот, јас бев тој што мораше да си замине“, им рекол Леви на насобраните новинари.
Кога го прашале за обвинението за прекршување, Леви кратко рече: „Па мораа да ме приведат за нешто“.
Забава
Деми Мур за разочарувањето поради загубата на „Оскарот“: „Ќе беше прекрасно да победев“

Актерката Деми Мур (62), конечно, откри како навистина се чувствувала откога го пропушти „Оскарот“ за најдобра женска улога оваа година, пишува „Дејли мејл“. Мур не го криеше разочарувањето бидејќи „Оскарот“, наместо неа, ѝ припадна на актерката Мајки Медисон.
„Секако дека физичкиот, човечки дел од мене, кој има его, се чувствува разочарано. Ќе беше навистина прекрасно да победев“, призна Мур.
Но, актерката тврди дека веќе претчувствувала оти 26-годишната Медисон ќе победи и му шепнала на филмскиот продуцент Џејсон Вајнберг за време на рекламите: „Мислам дека Мајки ќе победи“.
За време на преносот на церемонијата, Мур беше видена како му кажува нешто на Вајнберг веднаш откога Ема Стоун го прочита името на победникот.
„Не знам зошто го знаев тоа, но знаев. Бев потполно смирена и прибрана. Не бев уништена. Не чувствував ништо од тие тешки емоции. Само имав верба и сè уште имам во сè што ќе се случи“, изјави Мур.