Црна хроника
Разбојници ограбувале скопјанки во лифт
Скопското Основно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица на возраст од 20 и 22 години осомничени дека сториле две разбојнички кривични дела.
Како што информираат од Обвинителството, осомничените на 18 јуни, во зграда на булеварот ВМРО во Скопје, со примена на сила од една жена одзеле два паричника во кои имало 700 денари, кредитни картички и лични документи.
Тие ја забележале жената како се движи кон зградата и побарале ситни пари од неа. Кога не им дала, влегле заедно со неа во лифтот и се обиделе да ѝ го одземат паричникот. Притоа ја притиснале и со употреба на сила ги извадиле паричниците од нејзината чанта, ја оттурнале и избегале.
Неколку дена по првото злосторство, на 21 јуни, на истото место и речиси на идентичен начин, ограбиле жена која завршила со пазарување и се враќала кон зградата.
Кога влегла во влезот, ја задржале вратата и влегле по неа. Пред лифтот ѝ пришле и насилно ја турнале и ја удриле по главата по што ѝ го одзеле паричникот во кој имало 4.000 денари, кредитни картички и лични документи и избегале.
Ценејќи дека постои опасност осомничените да побегнат, да влијаат врз сведоци или да го повторат кривичното дело, надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување притвор за осомничените разбојници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.
Црна хроника
Малолетник извршил обљуба врз малолетно девојче во Скопје
Малолетник извршил обљуба врз малолетно девојче во Скопје, случајот го пријавлиа нејзината мајка.
Имено вчера (23.11.2025) во 16:30 часот во СВР Скопје, 44-годишна жена од Скопје пријавила дека на 04.10.2025 во Скопје, малолетник извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

