Црна хроника
По несреќата, во прекин железничниот сообраќај Скопје – Куманово

Железничкиот сообраќај на релација Скопје – Куманово (Табановци) и во обратен правец е во прекин, поради излизгувањето на вагони од товарен воз на излезната свртница во кумановската железничка станица, што се случи изутрината околу два часот.
Во несреќата на товарниот воз, што се движел на релација Куманово-Скопје, нема повредени лица, но е причинeта материјална штeта.
Како што соопштија од железници, комисијата која е на терен од утринските часови утврдила дека е направена голема материална штета на инфраструктурните постројки, пругата, колосеците, електричните столбови, сигнализација, контактна мрежа и оптички кабел. Висината на вкупната штета од овој немил настан, според Комисијата која води истрага за утврдување на причините за несреќата, ќе се знаат по завршување на истрагата.
„Воедно ги демантираме информациите дека железничкиот сообрќај во овој дел на пругата ќе биде во прекин 10 дена.Екипите на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – железници на Република Северна Македонија се мобилизирани и работат вагоните да се тргнат од пруга, и од моментот кога истите ќе бидат тргнати од пруга, за 24 часа ќе ја ставиме во функција оваа железничка линија”, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
18-годишник пријавен дека сексуално ја злоставувал ќерката

Четириесет и шестгодишен маж од скопско пријавил дека во мај годинава, 18-годишен скопјанец извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
– На 09.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско, пријави дека во мај 2025 година, 18-годишник од Скопје извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во денешниот полициски билтен.
Црна хроника
Малолетни девојчиња тепале врсничка, ја снимале, а видеото го објавиле на социјалните мрежи

Вчера во 15:00 часот во СВР Скопје, Д.М.(39) од с.Бардовци, скопско, пријави дека на 09.10.2025 околу 13:00 часот на игралиште на подрачјето на Карпош во Скопје, неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички, а настанот бил снимен со телефон и споеделен на социјални мрежи.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Малолетник од Скопје натепан, па удрен со возило

Малолетник од скопски Сарај вчера бил нападнат од две лица, кои подоцна го удриле и со возило пред трговски центар.
Според информациите на полциијата, на 10.10.2025 околу 16:00 часот во СВР Скопје, малолетник од село Сарај, скопско, пријави дека пред средно училиште на подрачјето на општина Сарај, скопско, бил физички нападнат од И.С.(18) од с.Глумово, општина Сарај и уште едно лице, при што едниот употребил тврд предмет.
Според пријавеното, подоцна и пред трговски центар на подрачјето на Сарај во Скопје го удриле со патничко возило „сеат леон“.