Македонија
Елези: Над 300 деца во Желино ќе добијат подобри услови за образование
Над 300 деца во општина Желино ќе добијат подобри услови за образование, преку реконструкција на училиштето во село Палатица, додека локалното население ќе добие подобра инфраструктура преку реконструкција на локалните патни правци Групчин и Ново Село. Преку Проектот за подобрување на општински услуги – МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка, на општина Желино ` се доделени 21 милион денари за спроведување на овие проекти.
Денеска заменик-министерката за финансии, Ширет Елези, и градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу, извршија увид во реализацијата на проектите. Заменик-министерката Елези при посетата на училиштето „Фан Ноли“ во Палатица истакна дека Проектот за подобрување на општински услуги – МСИП има за цел да обезбеди подобри услови за сите, било да живеат во урбана или рурална средина.
„Преку Проектот за подобрување на општински услуги – МСИП, 300 деца кои учат во основното училиште во Палатица, општина Желино, ќе добијат подобри услови за образование, односно ќе добијат училиште кое ќе биде опремено со нов училиштен мебел, каде кровот нема да прокиснува и кое зимно време ќе биде топло. Ова значи многу за локалното население, бидејќи решава реални проблеми и креира реално подобри услови за живот за граѓаните”, рече Елези.
Преку проектот ќе се реконструираат и локалните патни правци кај Групчин и Ново Село во вкупна должина од околу 3 километри. Со реконструкција на овие патни правци ќе се подобри поврзаноста со Тетово и Скопје.
Градоначалникот на Желино, Сејдију, истакна дека општината учествува во кофинансирање на проектите со околу 10 милиони денари, како и дека поддршката преку Проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП е од големо значење за неговата општина. Тој посочи дека преку реализација на овие проекти ќе се подобрат и условите за образование во општината, како и локалната инфраструктура.
Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП, Министерството за финансии го спроведува со поддршка на Светска банка и Европска комисија. Тој се состои од финансиска поддршка на општините за реализација на капитални проекти, како: реконструкција и изградба на патишта, на училишта и градинки, набавка на механизација за општините, изградба на комунална инфраструктура и други капитални проекти. Целта е преку вложување во општините, да се подобрат условите за живот за сите граѓани во земјава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

