Контакт

Соопштенија

(Видео) Ѓорѓиевски: Оливер Спасовски нека каже како е вработена сопругата на Никола Дујовски

Објавено пред

Последната измама на СДСМ е процесот на ветинг  што го најавуваше Оливер Спасовски. Има ли поголема иронија кога вака сериозен процес се најавува на прес-конференција со професор чија сопруга е неодамна вработена. Еве за почеток на ветингот Оливер Спасовски нека каже кога, каде и по кои услови е вработена сопругата на Никола Дујовски? Дали е точно дека таа е вработена пред неколку месеци во МВР како што пишуваа медиумите за тоа? Доколку е така, дали реално може да се очекува објективен став и критика за катастрофалното работење на Спасовски, прашува Орце Ѓорѓиевски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Ветингот на Спасовски има само една цел. Пресметка со професионалците и оние кои не се под партиска и политичка контрола на Спасовски, а истовремено и отворање простор за лична заработка на неговите соработници и послушници. Еве еден предлог од каде да почне ветингот. Прашање број 1, дали Никица Петрушевски од Куманово е вработен во МВР во октомври 2018 како советник за комуникации во кабинетот на Оливер Спасовски? Прашање број 2, дали Никица Петрушевски е син на Добрин Петрушевски, финансиер на СДСМ во Куманово и сопственик на Пин Петрол? Прашање број 3, дали МВР пред еден месец издало одобрение на Пин Петрол за станица за технички преглед по што фирмата на неговиот татко ја проширува дејноста?
Прашање број 4, дали имал влијание и какво влијание имал советникот на Спасовски при носењето на одлуката ?
И конечно прашање број 5, доколку Спасовски е загрижен за интегритетот на полициските службеници и нивното богатење во службата да одговори за колку ќе го зголеми семејното богатство неговиот советник откако е вработен во МВР до денес?“, праша тој.

Соопштенија

Герасимовски: Платено практикантство, обуки и субвенции, поддршка за професионален развој и економска независност на младите

Објавено пред

Од

Градоначалникот на Општина Центар и кандидат за нов мандат, Горан Герасимовски, во новата програма најави обуки, едукација и волонтерски ангажман за младите центарци кои се невработени или немаат соодветно образование и професионален тренинг.

dobivaj vesti na viber

„На овие млади луѓе ќе им помогнеме да стекнат нови знаења и вештини и да ја зголемат својата конкурентност на пазарот на труд. Дополнително, во соработка со партнерски организации, ќе им обезбедиме поддршка при вработување и практикантство,“ истакна Герасимовски.

Тој посочи дека во општината веќе се ангажирани практиканти, студенти и апсолвенти, кои своето прво работно искуство го стекнуваат во различни општински сектори. Практикантите примаат месечен надомест од 15.000 денари, а по шестмесечниот ангажман добиваат официјална потврда за потребите на факултетот.

„Практикантството е одлична можност младите да се изградат како професионалци и, доколку сакаат, во иднина да станат дел од локалните процеси,“ додаде Герасимовски, најавувајќи продолжување на овој успешен проект и во наредниот период.

„Општина Центар за младите доделува и субвенции за возачки испит. Поддршката изнесува 10.000 денари за теоретска и практична обука, за сите млади кои годинава наполнија 18 или 19 години. Со оваа мерка им овозможуваме на младите да се стекнат со возачка дозвола, да станат поконкурентни на пазарот на труд, да ги зголемат своите можности за вработување и безбедно да учествуваат во сообраќајот,“ рече градоначалникот.

Младите исто така можат да добијат финансиска поддршка за купување велосипед или е-велосипед, тротинет и дополнителна опрема, со што се поттикнува користење на здрави и еколошки навики. Герасимовски истакна дека во рамките на општината активно функционира и Младинскиот центар „Матично“ како простор за учење, поврзување и вклучување на младите во различни активности.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Тоневски: Ќе изградиме регионален пат до ски-центарот Пониква и до детското одморалиште

Објавено пред

Од

Изградба на регионален пат до ски-центар Пониква и детско одморалиште е дел од изборната програма на Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Еден од моите приоритети е изградбата на регионален пат Пробиштип – ски-центар Пониква. Овој пат ќе значи директна врска со еден од најубавите планински центри на Осогово. Поттик за турзимот, нови работни места и развој на локалните бизниси. Дополнителна активност за младите. Со современи стандарди, заштита на природата и предвидена зимска проодност. Патот ќе ја отвори вратата кон нов економски и туристички циклус за целиот регион. Пониква е нашиот зимски бисер. Ќе изградиме детско одморалиште за настава во природа и организирање на летни и зимски кампови за нашите ученици“, рече Тоневски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Костовски: Нова енергетска фасада на ООУ „Св. Климент Охридски“

Објавено пред

„Местото каде што го поминав најубавиот дел од мојот живот, основното училиште „Св. Климент Охридски“, добива нова фасада“, вели актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски.

dobivaj vesti na viber

„Овој проект е во вредност од 11 милиони денари. Образованието останува да биде мој врвен приоритет“, додава Костовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 минути

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија56 минути

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија1 час

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија2 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија3 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија3 часа

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија3 часа

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет6 часа

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа6 часа

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет6 часа

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа6 часа

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци, кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...

Свет6 часа

Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не може да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов...

Македонија14 часа

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија17 часа

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија18 часа

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија19 часа

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија20 часа

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...

Македонија1 ден

Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и...