Македонија
Раскинат договорот за униформите на Армијата, ќе биде распишан нов тендер

Министерството за одбарана го раскина договорот со фирмата која беше задолжена за набавка на воено-теренската униформа за Армијата. Од Министерството велат дека согласно постапката, ќе ја активираат и банкарската гаранција.
Како причина за раскинување на договорот, од Министерството наведуваат дека во рок од 50 дена за доставување на мостри, согласно договорот за набавка на 14.000 комплети воено-теренска униформа, фирмата не доставила комплетни мостри и соодветни сертификати, и истото не го сторила ниту по дополнителниот рок од 15 дена кој бил пропишан со договорот.
„Никогаш нема да отстапиме од намерата секој припадник на Армијата да добие униформа со врвен квалитет, без компромиси и калкулации“, велат од Министерството за одбрана.
Посочуваат дека во следните неколку денови, целосната постапка ќе биде повторена и припадниците на Армијата ќе добијат нови униформи.
„Ги повикуваме заинтересираните компании да се пријават само доколку можат да го испорачаат квалитетот кој го бараме во спецификацијата на тендерската документација. Информираме дека фирмата која во првиот тендер не го испочитува договорот, нема да може да учествува во повторената постапка, согласно Законот за јавни набавки“, наведе Министерството преку соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Времето денеска, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во крајните источни планински региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во наредните денови следува период на топло време. Во недела ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност, а од понеделник променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Македонија
Дел од Центар без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваat дека денеска ( сабота ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 11.00 до 12.30 часот, корисниците од ул. Јордан Хаџи Константинов – Џинот лоцирани кај ул. Крсто Баиќ, корисниците од ул. Кеј 13 – ти Ноември лоцирани кај ресторан Парк, како и корисниците од ул. Ленинова лоцирани спроти Министерството за Земјоделство. ( општина Центар )
Македонија
МОН: Платите во училиштата од овој месец се зголемени за седум проценти и ќе продолжат да растат

Платите на наставниците и директорите во основното и средното образование од овој месец се зголемени за 7% и ова е второ зголемување во мандатот на актуелната Влада, откако претходно во октомври 2024 година беа зголемени за 5%. Повеќе никој не зема плата под минималната, како што беше тоа случај во минатото со техничкиот персонал, соопшти Министерството за образование и наука.
Реакција на МОН како што велат е поттикната од лагите кои денеска ги изнесе политичката партија Левица, за наводно енормно зголемување на платите на директорите на основните и средните училишта, споредбено со зголемувањето на платите на наставниот кадар.
„Платите на директорите и наставниците се зголемени во просек од околу 2500 до 3500 денари, во зависност од звањето, стажот и степенот на образование“.
Потсетуваат дека веќе е направен план за долгорочен раст на личните примања кои во период од 4 години ќе пораснат најмалку за 46% а најмногу до 60%, зависно од степенот на инфлација.
„Левица оспорува договор помеѓу социјални партнери, односно институција и синдикат и изразува непочитување кон нив, како и кон целата јавност со обидите за манипулација и собирање политички поени“, истакнуваат од МОН.