Македонија
Мисироли очекува дека до октомври ќе добиеме датум за преговори со ЕУ
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска оствари средба со Антонио Мисироли, заменик-генерален секретар на НАТО за нови безбедносни предизвици, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Џафери, на почетокот на средбата изрази голема благодарност за поддршката што НАТО Алијансата ја дава на Република Северна Македонија.
Тој подвлече дека во сите негови досегашни државни функции бил активно вклучен во прилагодувањето на државната структура кон стандардите на НАТО, особено во кризниот менаџмент и координацијата меѓу институциите во справувањето со безбедносните предизвици.
Претседателот изрази очекување дека во оваа сложена процедура ќе имаме стручна и техничка помош и поддршка од специјализираните НАТО структури, но и од НАТО земјите членки, како во заштитата на безбедносните системи така и во аспектот координација.
Мисироли изрази задоволство од досегашните постигнувања на Република Северна Македонија на планот на евроатланската интеграција и поентираше дека последната милја од маратонот е веќе започната и се гледа финалниот резултат – полноправното членство во Алијансата до крајот на оваа година. Истовремено изрази и очекување дека во октомври ќе биде доделен датум за отпочнување преговори со Европската унија, со што земјата ќе ги заокружи повеќедецениските интеграциски процеси во НАТО и ЕУ. Го радува фактот што државните институции покажуваат голема подготвеност соодветно да одговорат на новите безбедносни предизвици и хибридните закани, како во воената и одбранбената сфера, така и во цивилниот сектор и кризниот менаџмент. Понуди и конкретна стручна помош и поддршка од НАТО специјализираните тимови, во рамките на Програмата на НАТО за мир и безбедност.
Соговорниците разговараа и за значењето и улогата на парламентарната дипломатија, активната меѓународна соработка и вклученост и визибилност на Собранието на меѓународните парламентарни и интерпарламентарни настани и форуми, како и успешното менаџирање на внатрешниот баланс меѓу политичките сили во земјата, а се во насока на градење на функционален парламент и силна и просперитетна Република Северна Македонија, како респектирана држава идна членка на НАТО и Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Левица: Синот на газдата на „Пулс“ поднел тужба против осум лица за кршење на кафулето „Класик“ – системот е изопачен
Михаил Јованов, синот на Дејан Јованов – Деко, газдата на дискотеката „Пулс“ во Кочани поднел приватна кривична тужба против осум лица и други непознати лица од Кочани за оштетување на туѓи предмети, велат од Левица утрово преку соопштение.
Во тужбата, како што се наведува, станува збор за оштетувањата на кафе барот „Класик“, исто така сопственост на Јованов, што настанаа на протестите на 17 март лани, еден ден по трагичниот настан со пожарот во дискошталата „Пулс“ во која животот го загубија 62 лица, а повеќе од двеста се со тешки повреди и до ден денес се лекуваат.
„Фактот дека синот на газда Деко поднел приватна кривична тужба против осум лица и непознати сторители за оштетување на имот, која сама по себе повлекува и обештетување доколку се утврди вина, претставува врв на безобразието и цинизмот во оваа трагедија.
Да потсетиме, Левица на лидерската средба минатата недела побара државата да ги обештети семејствата на починатите во пожарот во „Пулс“, но државата експресно се прогласи за ненадлежна со образложение дека трагедијата се случила во приватен објект. Во истата таа држава, денес газдата на истиот објект што изгоре, кој е осомничен и против кого се води кривична постапка, бара кривичен прогон на млади луѓе и сопствено обештетување за настани кои се директна последица на неговото криминално и неодговорно работење, потпомогнато од системот на државата која е ненадлежна да ги обештети жртвите од пожарот затоа што бил на приватен имот.
Ова е слика на изопачен систем во кој жртвите се оставени без правда и поддршка, а осомничените добиваат простор да ги тужат граѓаните, па дури и деца, за да наплатат штета. И, не е случајно што сето ова се случува токму сега, кога победи партијата која со години го толерираше безредието, криминалот и клиентелизмот. Таа победа очигледно беше „ветер во грб“ за криминалните структури да се чувствуваат недопирливи и охрабрени да удираат по народот кој бара правда.
Порачуваме дека нема да дозволиме трагедијата во Кочани да се претвори во фарса каде виновните ќе се прикажуваат како жртви, а жртвите како виновници. Одговорност мора да има и кривична, и институционална и политичка. Секој обид за заплашување на граѓаните и лицата кои протестираа и протестираат ќе го сметаме како директен напад врз правото на правда и достоинство.
Правдата за Кочани не смее и нема да се задуши со уцени, закани, тужби и молк“, се вели во соопштението на политичката партија.
Македонија
Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата
Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава. Со акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, контролирани беа 188 оператори со храна од оваа категорија.
Кај 10 оператори, со контролите утврдени се полесни повреди од областа на безбедноста на храната (неселектираност на разладни уреди, нејасни и нечитки декларации на производите и слично), за што се изречени мерки опомена, а во 2 маркета констатирано е дека вработените лица немаат санитарни книшки.
Кај 6 од контролираните меркети утврдено е дека немаат имплементирано процедури за примена на правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса, а кај 14 маркети затекната била храна со изминат рок на траење.
Како небезбедени во рамки на оваа акција на Агенцијата, од операторите одземени и нештетно уништени се над 253 килограми храна (месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи).
Македонија
Променливо облачно време со врнежи од дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

