Контакт

Забава

Лејди Гага и Бредли Купер повторно заедно

Објавено пред

Лејди Гага (33) и Бредли Купер (44) имаа главни улоги во филмот „Ѕвездата е родена”, а сега тие ќе бидат повторно заедно на екранот, според „HoolywoodLife“. Станува збор за продолжување на филмот „Чувари на галаксијата 3“ на Марвел.

dobivaj vesti na viber

 

Обожавателите на социјалните мрежи беа одушевени од оваа вест бидејќи долго време сакаат пејачката и актерот повторно да ги видат заедно.

„Хемијата на последниот филм беше премногу силна. Тој тогаш имаше девојка. Сега можеме да очекуваме сè“, коментираа некои.

За новото продолжение на филмот на „Марвел“ се објавени само некои од имињата на актерите, но се вели дека Бредли повторно ќе ја отелотворува улогата на Рокет Ракун, додека Лејди Гага ќе биде неговата избраничка Лила.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Жена што работеше со Лајвли ја обвини актерката: „Таа сакаше да го искористи Балдони“

Објавено пред

Талија Спенсер, член на екипата на филмот It Ends With Us, поради кој почна целата драма помеѓу Џастин Балдони и Блејк Лајвли, ја коментира нивната врска за време на снимањето.

dobivaj vesti na viber

Спенсер застана на страната на Балдони во шоуто „60 минути Австралија“, а таа немаше многу убави зборови за Лајвли. Таа, всушност, рече дека актерката сакала да го искористи Балдони за да ја преземе контролата врз филмот.

„Мислам дека Блејк ја намириса неговата добрина и ја помеша со слабост“, истакна таа.

Таа за Балдони рече дека тој бил еден од ретките режисери со кои соработувала, кој бил љубезен и пристоен. Таа нагласи дека ѝ е жал што филмот го одбележал конфликтот меѓу Џастин и Блејк и дека се надева оти вистината ќе биде откриена.

„Треба да се докаже невиноста на оние што не се виновни“, заклучи таа.

Да потсетиме дека претходно друг актер од филмот се сврте против Лајвли. Адам Мондшајн, кој го глумеше доктор Данбар, се осврна на нејзините тврдења дека неговиот пристап за време на снимањето на сцената на пораѓање бил „инвазивен и понижувачки“.

„Мислам дека е непотребно да се каже оти моето искуство со работа со неа значително се разликуваше од она што таа го опиша во својата тужба. Всушност, бев изненаден од нејзиниот опис на сцената. Никогаш не се пожали, ниту рече дека ѝ е непријатно бидејќи ништо необично или несоодветно не се случило. Сѐ беше целосно професионално“, изјави тој за „Дејли мејл“.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Вилијам Леви проговори по апсењето: „Се обидував да останам смирен цело време“

Објавено пред

Кубанско-американскиот актер Вилијам Леви, кој е познат по улогите на заводник од сапуниците, минатиот викенд беше уапсен во Форт Лодердејл, Флорида.

dobivaj vesti na viber

44-годишникот беше уапсен бидејќи бил пијан на јавно место и упаднал во нечиј приватен имот. Според евиденцијата за апсење до која дошле локалните вести, тој бил „многу алкохолизиран и предизвикувал вознемиреност во ресторанот“, а менаџерот му рекол да не се враќа.

Во вторникот попладне Леви се појави на суд, каде што судијата му одреди кауција од 500 долари. Истата вечер тој беше ослободен од затвор. Се обиде да ги избегне новинарите, но безуспешно. Леви потоа ја раскажа својата верзија на приказната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Fernanda Lopez (@mafelopeztv)

Тој објасни дека се обидел да ја прекине расправијата, но дека на крајот завршил со лисици. Негира дека ја нападнал вработената во ресторанот.

„Цело време се трудев да останам смирен. На крајот, јас бев тој што мораше да си замине“, им рекол Леви на насобраните новинари.

Кога го прашале за обвинението за прекршување, Леви кратко рече: „Па мораа да ме приведат за нешто“.

Прикажи повеќе...

Забава

Деми Мур за разочарувањето поради загубата на „Оскарот“: „Ќе беше прекрасно да победев“

Објавено пред

Актерката Деми Мур (62), конечно, откри како навистина се чувствувала откога го пропушти „Оскарот“ за најдобра женска улога оваа година, пишува „Дејли мејл“. Мур не го криеше разочарувањето бидејќи „Оскарот“, наместо неа, ѝ припадна на актерката Мајки Медисон.

dobivaj vesti na viber

„Секако дека физичкиот, човечки дел од мене, кој има его, се чувствува разочарано. Ќе беше навистина прекрасно да победев“, призна Мур.

Но, актерката тврди дека веќе претчувствувала оти 26-годишната Медисон ќе победи и му шепнала на филмскиот продуцент Џејсон Вајнберг за време на рекламите: „Мислам дека Мајки ќе победи“.

За време на преносот на церемонијата, Мур беше видена како му кажува нешто на Вајнберг веднаш откога Ема Стоун го прочита името на победникот.

„Не знам зошто го знаев тоа, но знаев. Бев потполно смирена и прибрана. Не бев уништена. Не чувствував ништо од тие тешки емоции. Само имав верба и сè уште имам во сè што ќе се случи“, изјави Мур.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион22 минути

Револт во Германија поради новите правила за работниците од Западен Балкан, меѓу кои и македонските

Идната Демохристијанско-социјалдемократската влада планира да инвестира 500 милијарди евра во наредните години во реконструкција на дотраената инфраструктура: железници, патишта и...

Македонија4 часа

Почина уште еден повреден во пожарот во Кочани, кој се лекуваше во Белград

Министерството за здравство информира дека во согласност со информациите од Воено медицинската академија во Белград, денеска претпладне, за жал, на...

Македонија4 часа

Осомничениот полицаец за пожарот во Кочани по кој се трагаше сам се пријавил во Обвинителството

Полицаецот по кој се трагаше утрово сам се пријавил во Обвинителството. Тој е меѓу 10-те полициски службеници, кои од завчера...

Македонија4 часа

ЗНАМ: Некој што соработува со ДУИ не треба да биде дел од Владата

За Движењето ЗНАМ за наша Македонија е неприфатлива соработка со нереформираната ДУИ и со лица од СДСМ кои учествувале или...

Македонија6 часа

(Видео) Кузеска 30 дена по трагедијата во Кочани: Зошто се штитат актуелните полициски функционери, министре Тошковски, нели имате малку совест?

„Поминаа триесет дена од трагедијата во Кочани, во која го загубија животот 61 лице, а уште 200 беа тешко повредени....

Регион6 часа

Јотова: Постои обид од колегите од РСМ нормалните барања на Бугарија да ги претстават како каприц

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, и еврокомесарката за проширување, Марта Кос, ќе разговараат за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан....

Македонија7 часа

Обвинителството бара построга казна за возачот кој ја усмрти Теодора: вложена жалба на пресудата

Основното јавно обвинителство Тетово изјави жалба на пресудата на Основниот суд во Тетово од 7.4.2025 година, со која обвинетиот М....

Македонија8 часа

Да се извинат Филипче и СДС што го лажеa народот дека Бугари во Уставот се единствениот услов за напредок на државата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев изјави „уставните измени не се единствениот услов, тогаш допрва почнува процесот”. Оваа негова...

Македонија8 часа

„Таравари не може да бега од одговорност за затворената Кардиохирургија, која е стратешки интерес на државата“, велат од партијата Левица

„Министерот Таравари продолжува да ја крие сопствената одговорност позади некаква стручна комисија, која треба да утврди дали имало пропусти од...

Македонија8 часа

Кои се критериумите според кои едни се пуштени, а други остануваат во притвор, без доволно докази, прашуваат од ДУИ по трагедијата во Кочани

Демократската Унија за Интеграција со сериозна загриженост ги следи случувањата поврзани со трагичниот настан во Кочани и начинот на кој...

Свет10 часа

Мелони денеска кај Трамп: Ова е можеби единствената шанса на ЕУ

Во текот на денешниот состанок во Вашингтон, италијанската премиерка Џорџа Мелони ќе се обиде да го спречи американскиот претседател Доналд...

Македонија10 часа

Привремена измена на сообраќајот на автопатот А1, делница Демир Капија – Смоквица

Синтек Инженеринг известува дека отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 17.4.2025 до...

Европа11 часа

Русите го нападнаа Днепар со дронови: двајца загинати, меѓу повредените и деца

Русија синоќа изврши масовен напад со дрон врз градот Днепар во југоисточна Украина, при што загинаа две лица. Серхиј Лисак,...

Свет11 часа

Израел: Ќе ги задржиме безбедносните зони во Газа и по војната

Израелскиот министер за одбрана изјави дека и по завршувањето на војната армијата ќе остане во таканаречените „безбедносни зони“ кои беа...

Македонија23 часа

Таравари тајно преговарал со Ахмети, Меџити вели дека не го исклучиле од коалицијата туку тој се самоисклучил

Не е веќе тајна бидејќи коалицијата „Вреди“ одамна забележа дека постојат преговори меѓу Таравари и Ахмети со вмешаност на одредени...

Македонија1 ден

Се’ уште се прибираат докази во изгорениот „Пулс“, се вештачат телефони и лаптопи

Дел од обвинителите кои постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, како и Јавниот обвинител, денеска, одржаа состанок...

Економија1 ден

Трговците со помалку од 10 вработени немаат обврска да ги објавуваат цените онлајн

Од четврток, 18 април, сите трговци (мали, средни или големи) ќе треба да ги објават цените на секој производ што...

Македонија1 ден

„Влен“ денес на средба ќе ја разгледа одлуката на Таравари да настапи на изборите со свои кандидати за советници

Во 14 часот денес ќе се состане коалицијата „Влен“ по што ќе се знае како ќе продолжат понатаму со Алијансата...

Македонија1 ден

Десет полицајци под истрага за несреќата во Кочани

Десет полицајци од Штип и од Кочани се под истрага за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“. Според Обвинителството, тие се...

Македонија1 ден

(Видео) Спречен обид за шверц на 6,4 килограми сребро, извести Царинската управа

На граничен премин Богородица мобилен тим спречи обид за криумчарење на 6,4 килограми сребро во вредност од 472 илјади денари....