Свет
Германската владина коалиција во конфликт поради номинацијата на Фон дер Лејен
Номинацијата на европските лидери на Урсула фон дер Лејен за шеф на Европската комисија не им даде причина на социјалдемократите (СПД) да се откажат од владејачката коалиција во Германија, рече водачот на партијата.
Одлуката на Европскиот совет оваа недела за номинирање на германскиот министер за одбрана налути многумина во СПД, кои овој потег го протолкуваа како оддалечување од заложбата на канцеларката Ангела Меркел да го поддржи победникот на изборите за Европскиот парламент за оваа работна позиција.
Поранешниот лидер на СПД, Сигмар Габриел, рече дека одлуката, без одобрување од владата, даде основа за ставање крај на владината коалиција во Берлин.
Но, Малу Драјер, шеф на регионалната влада на Рајнската област-Пфалц и еден од тројцата лидери на СПД, изјави за јавната телевизија ЗДФ: „Јас нема да одам толку далеку, бидејќи не можам да ја обвинам г-ѓа Меркел за кршење на коалицискиот договор.
„Таа се воздржа од гласањето во Советот”.
Меркел беше единствената од лидерите што не гласаа за нејзиниот близок сојузник во Европскиот совет во понеделникот, откако едночасовниот обид да ги придобие нејзините коалициски партнери се покажа како залуден.
СПД претрпе најлоши резултати на национално ниво на европските избори на 26 мај откако демократијата се врати по Втората светска војна во Германија. Многумина од СПД сакаат крај на нивниот сојуз со конзервативниот блок на Меркел.
Маркус Содер, конзервативен премиер на Баварија, рече: „СПД се погрижи Германија да биде единствената земја во Советот која не можеше да гласа за Германија. Тоа е сигурно уникатно во историјата на Сојузна Република Германија и вистински товар за коалицијата”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мексико: Сопругата на убиениот градоначалник ја презема неговата функција
Сопругата на градоначалникот кој беше брутално убиен за време на прославите на Денот на мртвите во мексиканската држава Мичоакан, која е погодена од насилство, ја презеде функцијата на својот сопруг, ветувајќи дека ќе продолжи со неговата борба против организираниот криминал, објави Ројтерс, цитиран од БТА.
Гресија Кирос положи заклетва како градоначалник на Уруапан, познат како престолнина на авокадото во Мексико, откако државниот конгрес едногласно го одобри потегот.
„Денес доаѓам со скршено срце затоа што ми го одзедоа партнерот во животот, таткото на моите деца, но и со храброста со која тој се спротивстави да се бори“, рече Кирос за време на положувањето заклетва.
„Тие нема да ме замолчат… Ќе ги следам неговите стапки“, додаде таа, држејќи ја шапката на нејзиниот покоен сопруг како симбол на нивното движење.
Вооружен човек со качулка го застрела и уби 40-годишниот Мансо додека присуствуваше на фестивал со свеќи, во напад што предизвика национален бес, делумно поради неговите отворени критики кон федералната влада дека не презема доволно мерки за борба против организираниот криминал.
Свет
Русија тврди дека украински војници се предале во Покровск
Рускиотo Министерство за одбрана соопшти дека украински војници од 68. ловечка бригада се предале во Покровск, откако биле опколени и, како што тврди Москва, напуштени од своите команданти, пренесе „ТАСС“.
Во соопштението се наведува дека припадниците доброволно се предале поради интензивен артилериски оган. Русија објави и сведоштва на заробени војници, кои велат дека биле без храна и лекови, а еден од нив изјавил дека се предал од очај.
Свет
Национален штрајк на фармацевтите во Италија
Во Италија денес се одржува национален штрајк на фармацевтите од приватните аптеки – прв ваков протест во секторот. Учествуваат околу 60.000 фармацевти од повеќе од 18.000 аптеки, во организација на синдикатите CIGL и други здруженија.
Штрајкот е реакција на неуспешните преговори за нов колективен договор, истечен во август 2024 година. Синдикатите ја обвинуваат Федерфарма дека не ги признава растечките трошоци за живот и професионалниот напредок на фармацевтите.
Отворени ќе бидат само општинските и дежурните аптеки.

