Македонија
Борисов: Задоволни сме од она што Стево Пендаровски го кажа за Гоце Делчев
Задоволни сме што вистината за нашата заедничка историја, вклучувајќи ја и за Гоце Делчев, почнува да се кажува јавно од политичари на највисоко ниво во Македонија, каков што е случајот со претседателот Стево Пендаровски, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов, пренесе бугарската новинска агенција „БГНЕС“.
„Земјите од Западен Балкан мора да вложат максимални напори за развој на добрососедски односи со своите соседи од Европската Унија. Несомнено, еден од најдобрите примери за тоа е потпишувањето на договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Република Северна Македонија“, изјави Борисов по состанокот со македонскиот колега Зоран Заев, во рамките на Самитот на Берлинскиот процес. Двајцата премиери разговараа за достигнувањата и предизвиците во билатералните односи со Бугарија.
За време на разговорот, Бојко Борисов и Зоран Заев истакнаа дека потпишувањето на договорот за пријателство, добрососедство и соработка дал позитивен поттик во партнерството меѓу двете земји.
„Потпишувањето на договорот е нашиот најголем успех. Без вашето лидерство ова немаше да биде можно“, рече македонскиот премиер Зоран Заев и го покани Борисов заедно да ја прослават втората годишнина од потпишувањето на договорот за пријателство меѓу двете земји на 1 август и заедно да се поклонат пред споменикот на Гоце Делчев.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов истакна дека во рамките на Самитот на шефовите на држави и влади на земјите учеснички во ПСЈИЕ во Сараево следната недела, ќе има разговор и со македонскиот претседател Стево Пендаровски.
„На ниво на премиери и министри за надворешни работи си имаме доверба, но сега треба да работиме за доверба помеѓу администрациите и комисиите, за да постигнеме реален резултат. Потребна е нова динамика во работата на Комисијата, што ќе доведе до брзи резултати до крајот на 2019 година, на теми како Илинденското востание, Гоце Делчев и други“, истакна премиерот Бојко Борисов.
Бугарија и Македонија се очекува да ја одбележат 1005-годишнината од смртта на цар Самуил на највисоко ниво во октомври. Во текот на разговорот двајцата премиери изразија мислење дека тоа ќе претставува доказ за ефикасно извршување на преземените обврски преку Протоколот од 10 јуни, потпишан за време на првата седница на Меѓувладината комисија, пренесе „БГНЕС“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наутро услови за магла, во текот на денот претежно облачно
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови. Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец (над 60 km/h).
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на 3 затворачи на улицата Франклин Рузвелт 37, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Франклин Рузвелт, Рампо Левката и Дрезденска, вклучително и домот „Здравко Цветковски“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Сарај, Центар, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 11.00 часот, дел од корисниците на ул 4и 10во сарај кај Џамијата (општина Сарај)
· во периодот од 08.30 до 13.00 часот, дел од ул.Васил Стефановски и 20ти Октомври (општина Центар)
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците на ул.Ловќинска кај Германска Амбасада (општина Карпош)
· во периодот од 01.00 до 13.00 часот ул.Михајл и Ефтихиј и Георги Димитров (општина Кисела Вода)
во периодот од 11.00 до 14.00 часот ул. 18,38 и ул.40 во Стајковци (општина Гази Баба)

