Македонија
Тамара: Ненамерната грешка со химната прерасна во пекол, ги откажувам концертите во Охрид и Прилеп
Откако завчера на приемот во Амбасадата на САД во Скопје, поп пејачката Tамара Tодевска направи грешка при изведувањето на државната химна, два дена таа е топ вест во медиумите и на социјалните мрежи. Освен што ја критикуваат, некои радио станици решија повеќе да не ги пуштаат нејзините песни, а прилепчани бараат таа да го откаже настапот на Пиво фест во Прилеп.
Пејачката денеска на Фејсбук соопшти дека поради „голготата низ која поминуваат таа и нејзиното семејство“ решила да ги откаже настапите, концертот на Антички театар на 27 јули и настапот на Пиво фест во Прилеп. Уште кога Авалон објавија пред неколку дена дека ќе и организиираат концерт, почнаа негодувањата на публиката дека не сакаат Тамара да пее на Антички во Охрид.
„Почитувани, очигледната ненамерна грешка при пеењето на химната прерасна во вистински пекол за мене и моето семејство. Со оглед на тоа што не сакам да придонесувам за зголемување на нашата агонија како семејство и во интерес на смирување на целата ситуација која излезе вон контрола, решив да ги откажам концертите во Прилеп и Охрид. Се надевам дека оваа моја грешка, повторувам грешка, ќе успеете да ја надминете и дека ќе најдете начин да разберете дека е повеќе од ненамерна. Би сакала да се заблагодарам на сите што беа покрај мене во овие тешки мигови. Ниту сум била ниту ќе бидам дел од нечии политички игри, моето семејство е мој број еден приоритет и нивниот мир е на прво место при секој избор“, напиша Тамара на Фејсбук.
Претходно таа се извини за пропустот при изведувањето на химната на прославата на 4 Јули во Амбасадата на САД во Скопје. На прославата на националниот празник 4 Јули, Денот на независноста на САД, беше изведена и македонската химна, но без строфата каде што се споменува Гоце Делчев и другите национални херои.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

