Македонија
СДСМ: За 11 години ВМРО-ДПМНЕ направи едвај 7 километри автопат

Поради криминални интереси ВМРО-ДПМНЕ за време од 11 години направи едвај само 7 километри автопат а остави хаос, нерешени проблеми, бандери на сред пат, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение.
„За само 2 години, Владата предводена од СДСМ во инфраструктурата направи многу повеќе од цели 11 години за време на ВМРО-ДПМНЕ, ги реши сите наследени и нерешени проблеми.
Автопатот Миладиновци – Штип денеска е пуштен во употреба во двата правци, со решени имотно правни проблеми, со обезбедени проекти, надвозници, заштити.
Решени се сите проблеми на Автопатот Кичево-Охрид, се гради во должина од 57 км.
4 експресни патишта се изградени, реконструирани и рехабилитирани со вкупна должина од 375 км на регионални патишта и 119 км магистрални: Градско-Дреново-Фариш, Штип-Крупиште-Кочани, Ранковце-Длабочица-Крива Паланка, Штип-Радовиш.
Во моментов се реализираат над 80 проекти за изградба и реконструкција на патишта во должина од повеќе од 700 километри.
Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги интересираа само провизии и криминални зделки, СДСМ ги решава проблемите што ги оставија и интенизвно гради по план“, велат од СДСМ во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на улица Филип Богдански, општина Аеродром;
· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од улицата Црноризец Храбар, од бр. 2 до бр. 20., општина Аеродром.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 32 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Времео во наредните денови
Во вторник претежно во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд. Дневните температури ќе бидат малку под просекот за овој период од годината. Од средината на следната седмица времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.