Македонија
Левица: Наместо да се заканува со тужби, Рашковски треба да поднесе оставка
Политичката партија „Левица“ преку соопштение се осврна на скандалот со генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски и побара негова оставка.
Од „Левица“ велат дека по новообјавената „бомба“, се потврдило оти генералниот секретар на Владата не смеел да преговара со компанијата „Леонардо“ околу јавната набавка за М-НАВ, затоа што тендерот сѐ уште не бил комплетиран, но и покрај тој факт Рашковски инсистирал спорниот состанок да се одржи.
„Во објавената аудио-снимка генсекот јасно констатира дека прават работи кои се предмет на истрага. Иако Рашковски на одржаната прес-конференција изјави дека немал надлежност да присуствува и да договара тендер за М-НАВ, наводно тоа го правел затоа што бил задолжен од Владата. Како доказ дека тоа му било наложено, на новинарите им беше доставен документ кој е потпишан само од него, но не и записник од седница на Владата на кој му се дава таков налог. Доколку за владата на СДСМ која наводно се залага за „општество за сите” не беа доволни скандалозните расистички навреди за генералниот секретар да си поднесе оставка, после ваквото очигледно кршење на законските прописи од вториот човек во Владата, единствено што е прифатливо за јавноста е поднесување оставка и отварање кривична постапка од страна на Јавното обвинителство. Наместо да се заканува со кривични пријави и тужби за клевети до поединци и медиуми, крајно време е генералниот секретар да го прочита Законот за Влада и да си поднесе оставка“, велат од Левица во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ ги повикува институциите да постапат по обвинувањата за тендери во општини под контрола на ВМРО
Антикорупцискиот тим на СДСМ очекува реакција од надлежните институции по, како што наведуваат, објавувањето на сомнежите за тендерски злоупотреби во општини под контрола на ВМРО-ДПМНЕ.
Според СДСМ, една иста фирма – „Пирамид билдинг солушнс“ – во периодот од 2022 година до денес добила 51 тендер во вредност од над 16 милиони евра, исклучиво од општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата наведува дека станува збор за модел на „тендерска пирамида“, во кој јавните средства завршуваат кај фирми блиски до владејачката партија.
„51 тендер. 16 милиони евра. Само една фирма“, се наведува во соопштението, со оценка дека додека нема средства за зголемување на платите и пензиите, пари има за тендери.
Од СДСМ јавно прашуваат зошто Јавното обвинителство, Финансиската полиција и Државната комисија за спречување на корупцијата не преземаат ништо, и бараат одговорност за наводните злоупотреби.
Партијата најавува дека ќе продолжи да објавува докази за, како што наведува, мрежа на сомнителни тендери и дека, според нив, „работата не е завршена“.
Македонија
Најмногу снег на Попова Шапка и во Крушево
Најголема снежна покривка до 7 часот утринава е измерена на Попова Шапка – 26 сантиметри, а 15 сантиметри снег има во Крушево, информира УХМР. Снежна покривка е евидентирана и во Ѓуриште (4 см), Тетово (2 см) и Берово.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од -1 до 7 степени.
Во Скопје, исто така, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а дневната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Со паричка во погача голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година
Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како и Стара нова година, која почнува утре на Василица.
Во Македонија, Василица многумина ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј го слават и својот именден.
Некои семејства, повеќе во западниот дел на Македонија, кршат погача со паричка. Се верува дека на оној што ќе му падне, му претстои среќна и исполнета година.
По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

