Регион
Харадинај: Благодариме Борисов
Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај му заблагодари на бугарскиот премиер Бојко Борисов за, како што рече, принципиелниот став кон Косово.
„РТК 2“ пренесе дека Харадинај оценил оти одлуката домаќини на наредната средба да бидат Бугарија и Северна Македонија го прави уште поинтересен Берлинскиот процес на Западен Балкан.
„Силно ја поддржуваме визијата на премиерот Борисов за сеопфатна Европа која го надминува менталитетот од минатиот век што предизвика трагедии. Без сеопфатен став на сите земји од Западен Балкан како дел од европското семејство, ЕУ не може да биде целосна“, напиша Харадинај на „Фејсбук“.
Борисов на прес-конференција во петокот, по состанокот со премиерите на земјите од Западен Балкан што беше одржан во рамки на Берлинскиот процес изјави дека Жозеп Борел како иден шеф на европската дипломатија треба да го застапува ставот на ЕУ, безразлика што Шпанија не го признава Косово. На тоа реагираше министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ кој рече дека ставот на ЕУ не е признавање на Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Два земјотреси во Грција: Првиот удар 4,6 степени, а вториот 4,9
Два силни земјотреси утрово ја погодија Грција. Првиот беше со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, а вториот 4,9. Како што соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC), епицентарот бил островот Крит.
Првиот земјотрес се случил на длабочина од 10 километри, додава EMSC, а епицентарот бил на 40 километри југоисточно од градот Сити, кој има околу 9.000 жители.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Регион
„Заедно до крај“: Сопружници беа пронајдени прегрнати под урнатините во Јабланица
Босна и Херцеговина на 4 октомври беше погодена од катастрофални поплави, кои однесоа човечки животи.
Тешка е ситуацијата во неколку градови во БиХ, но убедливо најтешка е во Јабланица.
Во екот на разорните поплави што ја погодија БиХ, особено е потресна приказната за брачната двојка Ирмела и Јасмин Чилиќ, чии тела прегрнати ги пронашле спасувачите под урнатините во Јабланица.
Тие останале еден со друг до крај, но за жал не можеле да се извлечат. Биле познати во нивната заедница како топли и грижливи луѓе, а нивната љубов и поврзаност послужија како инспирација за многу луѓе.
Регион
Две лица загинаа во пожар во стан во Белград
Две лица загинаа во пожар во Белград, потврдија за РТС од итната помош.
Пожарот избувнал околу 05:30 часот во стан на вториот кат во Раковица.
Противпожарните екипи се уште се на терен.