Регион
Вучиќ ги опиша препирките со Бугарија како мало недоразбирање: „Следната недела ќе разговараме со Бојко“
Српскиот претседател, Александар Вучиќ изјави дека се надева оти „малото недоразбирање околу Косово кое настана помеѓу Белград и Софија наскоро ќе биде совладано“.
„Бугарија ја призна независноста на Косово, за сѐ друго имаме добри односи“, рече Вучиќ.
Тој смета дека препирките помеѓу Белград и Софија што се случија деновиве се мало недоразбирање.
„Следната недела ќе разговараме и со Бојко. Ние имаме припадници на бугарското малцинство, за кои сакам да се чувствуваат како дома“, истакна Вучиќ и изрази уверување дека за кратко време се ќе биде вратено во нормала.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Два земјотреси во Грција: Првиот удар 4,6 степени, а вториот 4,9
Два силни земјотреси утрово ја погодија Грција. Првиот беше со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, а вториот 4,9. Како што соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC), епицентарот бил островот Крит.
Првиот земјотрес се случил на длабочина од 10 километри, додава EMSC, а епицентарот бил на 40 километри југоисточно од градот Сити, кој има околу 9.000 жители.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Регион
„Заедно до крај“: Сопружници беа пронајдени прегрнати под урнатините во Јабланица
Босна и Херцеговина на 4 октомври беше погодена од катастрофални поплави, кои однесоа човечки животи.
Тешка е ситуацијата во неколку градови во БиХ, но убедливо најтешка е во Јабланица.
Во екот на разорните поплави што ја погодија БиХ, особено е потресна приказната за брачната двојка Ирмела и Јасмин Чилиќ, чии тела прегрнати ги пронашле спасувачите под урнатините во Јабланица.
Тие останале еден со друг до крај, но за жал не можеле да се извлечат. Биле познати во нивната заедница како топли и грижливи луѓе, а нивната љубов и поврзаност послужија како инспирација за многу луѓе.
Регион
Две лица загинаа во пожар во стан во Белград
Две лица загинаа во пожар во Белград, потврдија за РТС од итната помош.
Пожарот избувнал околу 05:30 часот во стан на вториот кат во Раковица.
Противпожарните екипи се уште се на терен.